Групацијата Прада, една од водечките светкси компании за луксузна роба, основана е во далечната 1913 година од Mario Prada. Тој го отвара својот прв дуќан во Милано и започнува со трговија на артикли изработени од кожа, како и со увезени чанти и куфери од Англија. Интересен е податокот што тој никогаш не дозволувал на жените од неговата фамилија да влегуваат во неговата работилница. Тој, едноставно, не им верувал на жените, а по неговата смрт, во средината на 50-те, како за иронија, бизнисот го превзема неговата снаа. Неговиот син едноставно немал интерес за работата, па неговата жена ќе го води бизнисот цели 20 години. Во 1970 година нејзината ќерка Miuccia Prada ќе се приклучи на компанијата и од тогаш започнува новата ера во работењето на оваа фирма која што трае се до денеска.
Во 1978 година Miuccia го презима бизнисот во нејзините раце и веднаш почнува да го менува погледот на луѓето кон модата. Таа започнува со луксузни, најлон торбици, а во 1988 година, родена е и првата Ready-to-wear колекција. Потоа во 1993 таа ја лансира и машката линија и истата година го создава брендот Miu Miu. Нивни познати клиенти се Tilda Swinton, Charlize Theron, Debra Messing, Kate Bosworth, Vanessa Traina и Kirsten Dunst.
Сопственост: Prada S.p.A.
Адреса: Via Antonio Fogazzaro, 28
Milan, Italy 20135
39-02-55-02-88-59
Останати производи: козметика, накит, парфеми, аксесоари за дома, чанти, чевли
Клиенти: Tilda Swinton, Charlize Theron, Debra Messing, Kate Bosworth, Vanessa Traina, Kirsten Dunst
Сроден бренд:Miu Miu
Web: prada.com
Види што има на Штипка од Prada тука.