MAMAБебиња

Прабаба трудна на 76 години – сите сакаат да знаат како ѝ успеало, ќе го урне светскиот рекорд ако го доноси бебето

76-годишна жена од Атланта стана вирална откако откри дека е бремена и сите сакаат да знаат како останала бремена на таа возраст. 

Advertisement

Веста доаѓа од Атланта – и веднаш се прошири ширум светот – 76-годишна жена стана вирална откако на социјалните мрежи беше споделено видео од моментот кога лекарот ѝ кажува дека е бремена веќе 12 недели.

Жената била претходно хоспитализирана во болница бидејќи имала симптоми на вртоглавица, а нејзиното семејство тоа го поврзувало со нивото на шеќер во крвта.

Advertisement

Видеото на кое докторот ѝ ја открива неочекуваната вест на постарата жена веднаш стана вирално, а го споделила правнуката на постарата жена, Мија, која всушност ја снимила реакцијата на нејзината прабаба на откритието на медицинскиот персонал:

„Ги добивме резултатите од вашата урина и дефинитивно сте бремена“.

Моментот е урнебесен бидејќи докторот потоа ја прашува старицата дали имала секс неодамна, на што жената одговара „не, неее..“.

Advertisement

Иако се гледа дека е шокирана од веста, бабата одлучила да го задржи бебето и да ја издржи целата бременост.

Доколку бременоста на старата жена успешно заврши, нешто што не може однапред да се знае, таа би станала најстарата мајка во историјата, бидејќи би го соборила рекордот на Индијката Ерамати Мангама, која во 2019 година на 73-годишна возраст направи ин витро оплодување и како резултат на тоа родила близнаци со царски рез.

Видеото за бремената бабичка веќе собра повеќе од 40 милиони прегледи за четири дена и бројот продолжува да расте.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button