Познатиот српски фолк-пејач го „нападна“ Никола – Цеца шокирана, ова не го очекуваше во емисијата
Тие се пријатели, ама Цеца овој пат не можеше да премолчи, посебно што стануваше збор за нејзиниот пулен.

Цеца Ражнатовиќ во својата најнова емисија „Цеца шоу“ како гости ги имаше Саша Матиќ, Бресквица и Никола Станишиќ.
Но еден дел од емисијата посебно привлече внимание и на социјалните мрежи, па веќе има илјадници прегледи, a Цеца уште еднаш покажа каква е и како менторка и колку се грижи за своите кандидати.
Имено, Никола кој беше во нејзиниот тим во „Ѕвездите на Гранд“ кога победи во шоуто, овој пат пред камерите ја испеа „Македонско девојче“, по што Саша Матиќ, чија желба беше победникот да му ја испее токму оваа песна, му упати и критика.
Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ
„Морам да ти упатам една мала критика, да ти дадам еден совет. Цеца знае, често бев во жирито на ‘Ѕвездите на Гранд“ и ги советував младите пејачи. Кога пееш, нема додавање во песните. Нема ‘и’, нема ‘па’… Сето тоа мора течно да се испее“, изјави Матиќ пред камерите во популарното шоу, а Цеца веднаш му возврати:
„Сале, па тоа е уметничка слобода. Ти да видиш што јас се додавам во моите песни, пелтечам, грешам… Затоа јас не давам во ‘Ѕвездите на Гранд’ да се напаѓаат децата, бидејќи јас прва грешам. На тебе, Сашко, ти благодарам на овој добронамерен совет, ќе бидам и јас подобра на следниот концерт“, се пошегува Цеца на својата сметка.
Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ
Потсетуваме, Цеца кој му беше менторка на Никола во „Ѕвездите на Гранд“ неодамна направи уште нешто за него.
Имено, таа го покани младиот пејач да и биде гостин на концертот во Крива Паланка, каде пејачката неодамна направи спектакл за паметење. На концертот имаше публика од цела Македонија, а на сцената покрај Никола беше и Мики Секуловски, пејачот од Велес кој во претпоследната сезона од „Ѕвездите на Гранд“ го освои високото второ место.
Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ
И самата Цеца беше презадоволна од тоа како беше пречекана во овој град, а како сето тоа изгледаше, потсетете се тука.
Интересен беше и моментот кога Цеца го прекина концертот заради една млада девојка која и побара потпис од неа за да направи тетоважа, па пејачката пред сите ја советуваше да не го прави тоа.
Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ
„Не уништувај си ја кожата со ракопис. Млада си, убава, тоа не ти треба, подобро украси се со некое момче, ајде те молам. Момци, ве молам, што е бре ова? Ќе ви раскажам после, кога ќе помине концертот, да ве убедам во спротивното“, и порача Цеца на девојката.
Повеќе за ова прочитајте тука…