Познатиот пејач во своето село има викендичка како од соништата – еве и кој му прави друштво (фото)
Тука живеел со години и бил среќен

Еве каде нашиот пејач се полни со позитивна енергијa
Познатиот пејач Спасен Сиљаноски го напушти Скопје и ужива во природа, а видеото што го сподели ги изненади сите.
Имено, Спасен на социјалните мрежи сподели видео на кое се гледа преубава дрвена колиба во која ужива за сите пари.
Видеото најверојатно го сними неговата сопруга, а во еден момент се појави и неговиот миленик, шарпланинецот Оскар.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Оваа дрвена викендичка се наоѓа во големиот зелен двор што Спасен го има во домот каде што живеат неговите родители.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Тој никогаш не криел дека во неговиот роден крај му е најубаво, каде го поминал своето детство, а во една пригода за Гламур изјави:
„Моето детство го поминав во родното село Пополжани- Кичевско. Детство какво верувам би посакало секое дете. За жал мислам дека тоа детство го нема повеќе а тоа се должи на развитокот на технологијата која што децата буквално ги изолира од природата и надворешниот РЕАЛЕН свет. За разлика од моето детство кога го живевме тој реален живот, сегашните деца живеат во некоја виртуелна реалност за жал. Премногу моменти има на кои се сеќавам од моето детство, кои за жал нема да се вратат“, ни откри Спасен во една пригода.
Како Спасен уживаше сега во ова преубаво место опкружен со зеленило и чист воздух, погледнете во продолжение…