Наши ѕвезди

Познатиот охриѓанец разголен се шета низ Скопје?!? Стомачните како Аполон, жени трлаат очи

Еве зошто важи за еден од најзгодните меѓу пејачите

Advertisement

Погледнете каков фраер е познатиот џез-музичар

Нашиот познат музичар Владимир Василевски – Четкар, со своите обожаватели често комуницира преку социјалните мрежи.

Advertisement

Тој е еден од најреонимираните џез музичари и автори на светско ниво, па за него велат дека е македонскиот музички амбасадор.

Инстаграм/ Владимир Четкар

Тој по потекло е од Охрид, а долги години живееше во Њујорк. Но Четкар за неговиот Охрид вели дека е место кое е единственото на целиот свет за кое се чувствува исконски поврзан, па така секогаш, каде и да патува низ светот, Охрид секогаш му е главна станица и чувството на спокој што го добива тука за него е незаменливо (повеќе за ова тука).

Advertisement

Но згодниот охриѓанец овој пат ги изненади претставничките на понежниот пол, и тоа посебно оние од нашиот главен град.

Инстаграм/ Владимир Четкар

Имено, тој се снимаше со разголено торзо, така што во фокусот беше неговото поприлично мускулесто тело..

„Почитувани скопјани, само што ставав кај вас во град, температурата пак се покачи и повторно се чувствува лето.“

Инстаграм/ Владимир Четкар

„Нема потреба да ми се заблагодарувате, секогаш сте добредојдени“, вели Четкар во шега во видеото, по што следуваа бројни комплименти на сметка на неговиот изглед, но и позитивни коментари за неговиот шеговит пристап на Инстаграм.

Инстаграм/ Владимир Четкар

Сепак, најмногу внимание привлече со мускулите кои се совршено формирани на неговото тело, па очигледно нема причина да се срами да се соблече и да направи снимка во едно вакво издание.

Инстаграм/ Владимир Четкар

Инстаграм/ Владимир Четкар

Тој нема ни грам вишок на своето тело, така што со ова свое издание пријатно ги изненади дамите, па доколку сте една од нив, во продолжение прочитајте и какви девојки можат да го освојат неговото срце.

Инстаграм/ Владимир Четкар

„Сите имаме потреба да имаме мал интимен свет во кој само ние ќе си имаме пристап. Никогаш не ми било природно приватноста да биде јавна работа. Лично мислам дека сите девојки се убави токму поради својот посебен шарм кој индивидуално го носат во себе но ми значи доколку се грижат за своето тело кое нормално е најубаво кога е атлетско, природно и без пластика“, изјави во една пригода Четкар за Гламур.

Целото интервју со него прочитајте го тука

Инстаграм/ Владимир Четкар

Инстаграм/ Владимир Четкар

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button