Наши ѕвезди

Познатиот Македонец го откри вистинското лице на Цеца – скандалот со бугарското знаме не го премолчи

Македонската Гранд ѕвезда за српскиот „Еспресо“ го изнесе своето мислење за скандалот што го направи Цеца

Advertisement

И познатиот пејач се огласи во врска со скандалот

Младиот пејач од Македонија, Даниел Тренчовски кој по „Ѕвездите на Гранд“ продолжи успешно да ја гради својата кариера, неодамна ги воодушеви обожавтелите со својата најнова песна и спот.

Advertisement

Станува збор за песната „Посилни од кога и да е“, која што ја сними во Париз и со која ја освои балканската публика.

Принтскрин/ Јутуб

Тој живее во Париз и настапува низ клубовите во Европа, а по Гранд сними неколку песни и сите поминаа одлично.

Пејачот деновиве беше актуелен и со неговата изјава даден за српскиот „Еспресо“, во која ја спомна и Цеца.

Инстаграм

Имено, на прашањето кога повторно би се натпреварувал во „Ѕвездите на Гранд“ кого би избрал за ментор, Даниел ја избра токму Светлана Цеца Ражнатовиќ, изненадувајќи ги сите со одговорот.

„Би ја избрал Цеца. Знам како работи, бев на нејзините проби и знам колку им е посветена на своите кандидати“, изјави Даниел.

Инстаграм

Тој потоа зборуваше и за скандалот што го направи Цеца со бугарското знаеме во Велес, кој предизвика внимание и во регионот.

И како што самиот истакна, тој ги разбира сите кои во тој момент реагираа, но и дека нема потреба понатаму да се проширува темата, бидејќи Цеца, според него, тоа не го направила со намера.

„Цеца сигурно не беше свесна за сето тоа во тој момент. Знаеме која е Цеца, колку нè сака и колку ни помогна. Јас лично го знам тоа, бидејќи таа многу ме поддржуваше за време на натпреварот и секогаш имаше убави зборови, особено за нас Македонците. Затоа не треба ништо да се сфаќа како зло, а камоли како намерно. Лично, не ми пречи кога некој ќе го крене туѓото знаме на настап, секој од нас сака да ја задоволи публиката. Има адреналин, емоции, еуфорија… Искрено, никогаш не би помислила дека нешто такво може да предизвика реакција, но, за жал, гледаме дека е можно. Ги разбирам Македонците, тоа е непријатна ситуација, но луѓе, ајде да шириме љубов и да слушаме музика. Политиката и меѓународните конфликти немаат место во уметноста“, изјави Даниел за српскиот „Еспресо“.

Извор: Еспресо.рс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button