Познатиот адвокат со еден потег ја расплака сопругата – Македонките воодушевени од овој гест на Јанаки
Јанаки клекна на колена и го извади прстенот

Ова романтично видео е хит на социјалните мрежи
Познатиот македонски адвокат Јанаки Митревски прослави годишнина со својата сопруга Маријана.
Но тој и приреди вистинско изненадување на својата сопруга, а со овој потег ги воодушеви и жените од цела Македонија.

Принтскрин/ Фејсбук, Јанаки М.
Имено, Јанаки сподели снимка на која се гледа како ја изненадува својата сакана за 14 годишнина од брак.
Тој се појави кај неа во канцеларијата, па клекна на колена и ѝ подари прстен , а на Маријана и потекоа солзи од среќа.

Принтскрин/ Фејсбук, Јанаки М.
„По 17-ти пат, ќе се омажиш ли за мене?“ ја праша Јанаки својата сопруга клекнат на колена пред неа во канцеларијата.
Како изгледаше овој романтичен момент, погледнете во продолжение:

Принтскрин/ Фејсбук, Јанаки М.
Потсетуваме, Јанаки и Маријана се колеги од факултет, а плод на нивната голема љубов се нивниот син и ќерка.

Принтскрин/ Фејсбук, Јанаки М.
Јанаки покрај тоа што е адвокат, препознатлив е и по неговиот интересен стил, а веќе некое време има и свој подкаст.
Тој на социјалните мрежи често знае да биде вирален, а многупати се случувало со своите адвокатски совети и на непознати лица да им помага бесплатно, борејќи се со нив да ја истераат правдата на виделина.

Принтскрин/ Фејсбук, Јанаки М.

Принтскрин/ Фејсбук, Јанаки М.
Но често знае да сподели и семејни моменти, а за својата сопруга отсекогаш велел дека е столб за него и нивното семејство.
„Жена ми е многу скромна, ич не сака да се експонира. Не сакам ни јас, но едноставно ѕвездата ми е таква. Никогаш јавно сум ѝ се заблагодарил за сѐ што прави за мене и семејството. Навистина ни е столб. Изгубен би бил без жена ми., изјави Јанаки во една пригода за сопругата.
Оваа негова изјава погледнете ја тука >>




