Модни совети

Познати девојки кои ги обожаваат фустаните во жолта боја

Advertisement

Доколку сакате да бидете во склад со трендовите но и да не поминете незабележани во преодната сезона, тогаш наш совет е да ја вклучите бојата на сонцето во вашата гардероба бидејќи оваа боја едноставно никогаш не излегува од мода, а во моментов е посебно популарна.

Advertisement

Криси Тајген

Ако досега не сте набавиле некое парче во жолта боја, еве ви уште една дополнителна причина да го сторите тоа која доаѓа од гардероберот на Миранда Кер и која е доволна мотивација да ја внесеме бојата на сонцето во омилените трендови за ова лето. Особено ако станува збор за мал жолт фустан од тантела, нели?

Advertisement

Миранда Кер

Откако ќе ја изберете омилената жолта нијанса, без разлика дали тоа ќе биде златна, бледа или интезивна жолта боја, обидете се да ја заокружите приказната со интересни модни додатоци. Па така, можете да облечете чевли во кожа боја, или пак ако сакате да ги избегнете, тогаш обидете се да комбинирате со темно црвена, смарагдно зелена или морнарска сина боја.

Оливија Вајлд

Што се однесува до шминката, со жолтата боја совршено се вклопува кармин во силна црвена боја, но доколку одберете фустан во силна жолта боја, тогаш обидете се со розов кармин и нема да погрешите. Впрочем како и Оливија Вајлд во оваа преубава комбинација заокружена со салонки во беж боја.

Дара Бубамара

Погледнете како го прават тоа и другите девојки, па доколку сакате да блеснете како нив тогаш скокнете до галеријата најубавите есенски фустани во жолта боја и видете ги најубавите есенски модели од брендовите како „Mango“, „Pull&Bear“, „Bershka“, „Zara“, „Topshop“, „New Look“…

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button