Наши познати дами кои со своите фотографии никого не оставија рамнодушен ова лето
Многу наши познати дами ова лето уживаат на преубави плажи и во луксузни хотели, а некои од нив решија да се pacoблечат малку повеќе за својата публика и дополнително да ги подигнат и онака високите температури.
Маркетинг
Па така ова лето со своите пpoвокативни фотографии без здив бројни фанови оставија пејачките Сузана Гавазова и Елена Велевска, но и многу други познати и помалку познати пејачки кои и покрај тоа што НЕ coблекоа ни дел од своите костими за капење, сепак изгледаа неодоливо.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фолкерката Сузана Гавазова беше првата што реши ова лето да отиде чекор подалеку, па објави фотографија на која е без својот горен дел, а по неа и нејзината колешка Елена Велевска која исто така никого не остави рамнодушен со своите „пикантни“ изданија на социјалните мрежи.
И додека критичниот дел од телото на Гавазова не и се гледаше бидејќи нејзиниот сопруг го беше покрил со рацете, Велевска тоа го направи сама, а овие фотографии можевте да ги видите на нивните официјални профили на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Елена ВелевскаФото: Инстаграм/ Елена ВелевскаФото: Инстаграм/ Елена Велевска
Покрај овие две познати фолк-пејачки и многу други нивни колешки решија да си поиграат со фантазијата на своите фанови објавувајќи фотографии од своите годишни одмори, а како овие дами изгледаат и во какви хотели ужива погледнете во галеријата што следува под текстот.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .