Познатата водителка се стегна во тесни фармерки – и во шестата деценија изгледа како манекенка
Нова фризура, стари пријатели...

Повторно привлече внимание и ги воодушеви сите
Познатата водителка Лила Филиповска (53) се појави кај својот фризер во издание со кое ги воодушеви сите и на социјалните мрежи.
Таа за оваа пригода избра тесни фармерки и бела маичка, а целото издание го зачини со спортски патики од познат бренд.
Водителката позираше со познатиот фризер Зоран Давитков, а нејзиниот изглед и совршената линија ги воодушеви сите.
„Совршената дестинација за беспрекорна коса! Кај мојот другар @zokidavitkov , секоја надоградба на коса станува уметност“, напиша нашата најпозната водителка во описот на фотографиите што ги сподели н Инстаграм, откривајќи дека и во шестата деценија на изгледот можат да и завидуваат и многу помлади девојки.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа блескаше и не ја тргаше насмевката од лицето, а многумина и порачаа дека и новата фризура и стои прекрасно.
„На убава девојка секоја фризура и прилега“, коментираше една корисничка на социјалните мрежи под фотографиите.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Потсетуваме, убавата водителка и пред само неколку дена воодушеви со уште едно свое феноменално модно издание.
Но тогаш наместо фармерки, таа носеше преубава креација во боја на вино, а косата и беше стилизирана во елегантна пунџа, со неколку прамени пуштени преку нејзиното убаво лице.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Како Лила изгледаше и во ова издание, но и зошто сите зборуваат за еден детаљ што го носеше, откријте тука…