Наши ѕвезди

Познатата водителка јавно му се обрати на сопругот Орце Стевковски – сподели и икона со емотивна порака

Ова беше посебен ден за нивното семејство, водителката веднаш се огласи и јавно му честиташе

Advertisement

Ова беше посебен ден во нивното семејство

Познатата водителка Драгица Стевковска – Дракче деновиве сподели порака за нејзиниот сакан сопруг со која сите ги разнежни.

Advertisement

Нејзиниот сопруг, кралот на македонската музика, Орце Стевковски, славеше роденден, па Дракче јавно му го честиташе.

Фејсбук/ Драгица Стевковска – Дракче

Имено, водителката се огласи на својот Фејсбук профил и со една фотографија на која е со својот сакан, но и со слика од икона, на Орце му го честиташе роденденот како и на сите што слават име.

Advertisement

„Денес е Петровден, слава во висините на Апостол Петар. Роденден на мојот сопруг. здрав жив и среќен уште долго да го слави со правнучиња во скут… Биди среќен Јордане мој“, му порача Дракче на Орце, па и на сите што слават именден им посака вечно да им е името.

Фејсбук/ Драгица Стевковска – Дракче

„Мирот и спокојот во домот да ви царуваат, Апостол Петар со здравје да ве дарува. Бидете благословени за многу години, пишува пак врз сликата со иконата на која е ликот на Апостол Петар.

Фејсбук/ Драгица Стевковска – Дракче

Потсетуваме, Дракче и Орце важат за еден од најскладните бракови на нашата естрада, а неодамна славеа и годишнина.

Имено, тие во мај прославија цели четири децении и една година брак, а како изгледале и тој 15 мај 1984, погледнете во продолжение:

Фејсбук/ Драгица Стевковска – Дракче

Тие од овој брак ги имаат ќерките Ангелина и Александра кои пак ги даруваа со пет внучиња: Јана, Андреј, Марко, Ема и Алек.

Фејсбук/ Драгица Стевковска – Дракче

Живеат во селото Ржаничино, Петровец во Скопје, а Дракче често споделува и фотки од својот дом на социјалните мрежи.

Како изгледа нивниот рај, погледнете тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button