Реклама
Наши ѕвезди

Познатата водителка ја победи тешката болест, па сега максимално ужива во животот со најблиските

И на многумина им го разубавува денот

Реклама

Водителката Лила Филиповска има фантастична линија и во шестата деценија, па нема проблем да објави и провокативни фотографии.

Таа заедно со својот син Филип и неколку пријателки замина на патување во Дубаи, а објавите што ги сподели од таму се мелем за очи.

Лила посебно привлече внимание со фотографиите на кои позира во преубав едноделен костим за капење, а ова нејзино провокативно издание на кое изгледаше како излезена од модно списание, никого не остави рамнодушен. Многумина коментираа дека таа и денес има фантастична линија и дека изгледа подобро од кога било досега, а тоа што до пред некое време се бореше со тешка болест, како воопшто да не оставило никаква трага кај неа.

Маркетинг

Инстаграм/ Лила Филиповска

Таа позираше во преубав костим за капење со леопард дезен, а многу слично издание можевме да ја видиме и пред неколку месеци.

Маркетинг

Инстаграм/ Лила Филиповска

Но тогаш таа носеше високи потпетици и шешир, како и чанта од познат бренд, а за ова издание и тогаш си доби бројни комплименти.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Потсетуваме, Лила обожава да патува, но и да го живее животот со полни гради посебно по тешкиот период низ кој што мина.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, таа пред неколку години се соочи со најтешкиот период од животот откако и беше дијагностициран рак на дојката. Но таа не се предаде, туку храбро се бореше и на крај успеа да ја победи болеста, па сега често зборува во медиумите за сето она низ што поминуваше, со цел да им помогне на сите оние кои се во слична состојба.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Водителката тоа го направи и неодамна на својот профил, споделувајќи објава со Ана Дорник, за која вели дека се сестри по дијагноза.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Таа со ова сакаше да укаже на важноста за подигање на свеста за рак на дојка како и на тоа к0лку е важно навремено дијагностицирање.

Инстаграм/ Лила Филиповска

„Драги мои дами ракот е излечива болест ако на време и рано се дијагностицира! Затоа не чекајте , закажете го вашиот термин и уживајте во здрав и долг живот затоа што светот ги памети само победниците… ве сака Ваша Лила“, напиша Лила тогаш под фотографијата што ја објави на Инстаграм.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Инстаграм/ Лила Филиповска
Инстаграм/ Лила Филиповска
Инстаграм/ Лила Филиповска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button