Наши ѕвезди

Познатата водителка Дракче со емотивни зборови за внукичката – баба е среќна што има ваква убавица

Ова беше посебен ден за водителката

Advertisement

Го прослави роденденот на внуката, и се обрати со емотивни зборови со кои никого не остави рамнодушен.

Познатата водителка Драгица Стевковска Дракче поминуваше низ тежок период од животот заради болеста со која се соочуваше.

Advertisement

Но како и што самата истакнала многу пати досега, таа реши да остане позитивна, но и да му се заблагодари на Господ за сите работи што животот ѝ ги подарил, а една од нив е секако и внуката.

Фејсбук/ Дралче Стевковска

Имено, Дракче најголема поддршка добива од семејството и тие и се најголема утеха, сега сподели фотографија со внуката.

Advertisement

Нејзината Ема славеше роденден, па бабата гордо сподели фотографија од неа и ѝ посака многу здравје и среќа во животот.

„Баба е среќна што се роди на овој ден ЕМА бебуле наше -веќе си наша убавица. Среќен 15 роденден и многу здравје и среќа и во иднина“, напиша Дракче во објавата што ја сподели на социјалните мрежи.

Потсетуваме, Дракче е во брак со пејачот Орце Стевковски – Царот од 1984 година, а од своите две ќерки имаат пет внуци.

Водителката неодамна гостуваше во утринската програма на Канал 5 телевизија кога за прв пат јавно зборуваше за својата болест со која се соочува. Но како што и самата откри, благодарение на Господ и докторите, таа сега се чувствува многу подобро, па истовремено им се заблагодари и на сите добри луѓе кои во овој тежок период за неа, безрезервно ѝ даваа поддршка.

Целата емисија со Дракче погледнете ја во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button