Познатата водителка блеска и во шестата деценија во омилениот костим за капење на многу познати дами
Ги спакува куферите и замина на егзотична дестинација
Водителката откри како ужива на ова место
И додека повеќето од нас се бориме со временските промени и очекуваме во секој момент да дојде студено време (бидејќи сме крај на октомври, нели?), на водителката Лила Филиповска и се случува слични, но и и поприлично различни промени.
Имено, Лила веќе неколку дена е во Виетнам, а таму овие денови беше врнежливо, па имаше и тајфун, така што кога конечно се појави сонцето и си заминаа облаците, водителката веднаш скокна во својот омилен костим за капење и се „фрли“ во морето
Таа исто така не зборави и да ги извести своите фанови и да им открие со каков рај е опкружена, на што сигурно многумина и завидуваат.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Но додека водителката ужива на ова волшебно место, сигурни сме дека уживаат и многумина што ја следат на социјалните мрежи.
Имено, Лила сподели нови фотографии на кои позира во црн, преубав костим за капење, а посебно внимание привлече кога се сврте, па ги изненади сите со ова свое провокативно издание.
Инстаграм/ Лила Филиповска
„Тајфунот ги однесе облаците и ни донесе сонце. Уште еднаш се докажа дека не секогаш бурата доаѓа да ти го уништи животот, туку да ти го расчисти патот“, напиша Лила под овие фотографии.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…