Познатата водителка блеска и кога носи црно – и кога е закопчана до грло изгледа како милион долари
Едноставно, но впечатливо издание

Комбинација која веднаш ќе посакате да ја позајмите
Познатата водителка, Лила Филиповска, како и секогаш, блескаше од глава до пети и ги воодушеви сите со ова издание.
Шармантната водителка со својата беспрекорна појава и моден избор и овој пат привлече внимание, за што сведочат и бројните лајкови и коментари што ги доби под нејзините последни фотографии.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа овој пат носеше црн фустан со кој, во комбинација со сите останати детали, изгледаше како излезен од модно списание.
Станува збор за долг црн фустан без ракави, преку кој Лила носеше по малку необична, но апсолутно тренди огрлица.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката носеше и метална нараквица, а целото издание го зачини и со кожна јакничка префрлена преку рамениците.
И додека фустанот ѝ стоеше совршено и ја истакна нејзината елегантна фигура, фризурата и шминката беспрекорно го заокружија целиот изглед, па водителката и овој пат никого не остави рамнодушен. На жените им се допадна и чантичката што ја носеше, која исто така совршено се вклопи во ова беспрекорно издание.

Инстаграм/ Лила Филиповска
Потсетуваме, Лила многу често знае да привлече внимание со своите интересни модни приказни, а тоа го направи и неодамна во Бразил, кога ноншалантно позираше на плажа, во Моника Белучи издание.
Како Лила изгледаше тогаш, потсетете се тука >>



