Наши ѕвезди

Познатата трансродова пејачка од Македонија го покажа згодното тело – ужива покрај Охридското Езеро

Еве како изгледа денес некогашната Фифи од „Икс Фактор“

Advertisement

Повторно е русокоса, нема да ја препознаете

Пејачката Фифи Јаневска веќе со години живее во Шведска каде слободно живее како припадничка на ЛГБТ популацијата.

Advertisement

Како што објавија медиумите претходно, Фифи наводно заминала во оваа земја за да направи промена на полот, а таму го смени и името, така што сега и на социјалните мрежи се потпишува со Џија.

Принтскрин/ Икс Фактор

Таа сега ги изненади сите со своите последни објави на својот профил со кои откри дека е на одмор во Охрид.

Advertisement

Од фотографиите може да видиме дека Фифи, односно Џија, денес е атрактивна русокоса која воопшто не личи дека некогаш била машко.

Принтскрин

Таа ужива во ова свое патување, а покажа и како изгледа нејзиното тело во костим за капење и сите ги изненади.

Таа се фотографираше и додека се сончаше на плажата, а повеќе од очигледно е дека ужива во ова свое патување.

Инстаграм/ Џија Јаневска

Овие нејзини фотографии предизвикаа бројни реакции, а таа отсекогаш искрено зборувала за својата трансродовост.

Инстаграм/ Џија Јаневска

Потсетуваме, Јаневска се прослави со учеството во регионалното шоу „Икс фактор“ кога за неа слушна целиот Балкан.

Инстаграм/ Џија Јаневска

Таа се натпреваруваше во првата сезона од овој музички натпревар, а во центарот на вниманието дојде кога пејачот Жељко Јоксимовиќ, кој седеше во жирито, и порача дека убаво пее, но и дека не му се допаѓа тоа што не е ниту машко, ниту женско, со што предизвика бројни реакции.

Инстаграм/ Џија Јаневска

Овој негов коментар беше осуден од бројни здруженија, но и од поедини јавни личности кои реагираа на неговата изјава.

Како Фифи изгледаше тогаш, потсетете се тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button