Познатата скопјанка во бикини што се хит оваа сезона – ПОСЕБНО ЗАРАДИ ОВОЈ ДЕТАЉ, ЌЕ СЕ ВООДУШЕВИТЕ
Многумина велат дека никогаш не изгледала поубаво
Агнеса Органџиева ги спакува омилените костими за капење во куферите и замина на одмор кај нашиот јужен сосед.
Познатата инфлуенсерка реши да го искористи слободното време малку да се одмори, но секако дека не заборави на своите бројни фанови.
Таа на социјалните мрежи сподели неколку фотографии со кои буквално го вжешти интернетот и никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Органџиева најпрво позираше во дводелен костим за капење во розова боја, зачинет со интересни златни детали.
Коментарите под нејзината фотографија се уште се редат, а инфлуенсерката ги собра сите пофалби на сметка на својот изглед.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Нејзините пријатели и следбеници велат дека Агнеса изгледа подобро од кога било досега и дека не можат да и пронајдат ниту една мана.
„Остани единствена, убавината е моќ“, „Сирена“, „Не давај се кралице“, беа само некои од коментарите што таа ги доби под ова свое издание.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Познатата скопјанка не крие дека обожава да патува, а овој пат реши да скокне до Грција и да „поработи“ на својот тен.
Што се однесува до нејзиното тело, Агнеса откако почна да вежба е во топ форма, а овие нејзини фотографии се совршен доказ за тоа.