Наши ѕвезди

Познатата скопјанка шокираше со својата објава – за ова навистина е потребно да се има храброст (фото)

Не се плашам од никој, само од Господ - вели таа во својата објава со која ги изненади сите

Advertisement

Познатата инфлуенсерка, Агнеса Органџиева, ги изненади сите со својата нова објава што ја сподели на социјалните мрежи.

Таа се снимаше додека се гали со својата змија, а на една од фотографиите што ги објави змијата е замотана околу нејзиниот врат.

Advertisement

„Дали имам страв? Хаха, од никој немам страв, само од Господ“, напиша Агнеса под објавата на која змијата лази дури и по нејзиното лице.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Станува збор за кралски питон кој Агнеса го чува веќе неколку години, а кој потекнува од западна и централна Африка.

Advertisement

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Кралскиот питон е најмал вид од африканските питони и не е отровен, а може да порасне и до 182 сантиметри, пишува во Википедија за оваа змија од која русокосата инфлуенсерка не само што не се плаши, туку и ужива да се гали со неа и да ја држи во своите раце.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Потсетуваме, Агнеса во декември го прослави својот 41 роденден, а се уште може да се пофали со тело на тинејџерка.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Таа редовно вежба и се грижи за својот изглед, а привлекува внимание и со своите гламурозни модни комбинации.

И додека на фотографиите со змијата позираше во опуштено издание, во црна маичка со прерамки и тренерки, таа пред само неколку дена сподели едно издание на Инстаграм со кое сите ги воодушеви.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Тогаш многумина не можеа да го тргнат погледот од неа, а како таа изгледаше и на Светскиот ромски бал, кога исто така заблеска во прекрасна зелена тоалета со која го истакна своето беспрекорно тело, погледнете во продолжение.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button