Познатата русокоса во бикини и без шминка на една од најубавите плажи на Халкидики и цела Грција
Потполно се опушти и покажа како ужива

Познатата дама квалитетно ужива
По поприлично напорниот период што го имаше зад себе, Агнеса Органџиева, ги спакува куферите и замина на заслужен одмор.
Таа сега сподели една фотографија направена на една од најубавите плажи на Халкидики и покажа како си ги полни батериите.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
На фотографијата може да видиме како таа изгледа во костим за капење, но и каков модел носи оваа година.
Имено, таа овој пат избра дводелен модел зачинет со светки, а го носеше со косата ноншалантно врзана во пунџа.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Инаку, фотографијата е направена на Каламици, една од најубавите плажи на Халкидики, во јужниот дел од Ситонија
Потсетуваме, Агнеса важи за една од нашите најпознати дами на социјалните мрежи која привлекува внимание со своите модни комбинации кои им преставуваа инспирација на многу Македонки.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Од неодамна таа започна и со свој подкаст, а досега има соработувано со бројни брендови што се присутни во нашата земја.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Но покрај тоа што важи за една од најзгодните дами во Македонија, Агнеса важи и за една од најконтроверзните.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Нејзината популарност на социјалните мрежи вртоглаво порасна по разводот од поранешниот сопруг со кого има две ќерки.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Па така таа денес е инфлуенсерка, но и правник, жена, мајка, кралица, како и појава пред која никој не е рамнодушен.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Нејзиниот живот речиси постојано е на тапет, па во една пригода во врска со нејзината популарност, таа ќе изјави:
„За мене се’ e предизвик во животот, ако нема предизвик нема да ни биде интересно. Мора да има акција, а мојот живот не може да биде ставен на тапет од луѓе дојденци“, изјави тогаш Органџиева, па го додаде и следново:
„Може само името да ми го памтат…зашто јас сама си го живеам животот на овој свет“, изјави Агнеса во една пригода за Гламур.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
„Популарноста на моменти е интересна, на моменти си викаш зошто баш јас, потоа си викам па се’ е со причина, во нашите животи сите сме со некаква мисија…Има само еден проблем.“
„Треба постојано да си скоцкан тип топ зошто снимаат од глава до пети. Па за нашиов трачарски народ мора да им дадеш нешто во чинија за да мацнат“, изјави во една пригода Агнеса за Гламур магазин, откривајќи дека се што работи го прави свесно, но и дека хејтовите што понекогаш ги добива од хејтерите, воопшто не ја засегаат .