Познатата пејачка се расплака од она што и се случи во Македонија – ваков пречек не очекуваше
Беше воодушевена и кога виде кој ја пречека...

Една од најпопуларните пејачки на Балканот, Теа Таировиќ вчера одржа прес- конференција за претстојниот концерт во Скопје.
Концертот е закажан за 15 ноември во Арена „Борис Трајковски“, а пејачката пред новинарите истакна дека и е убаво секогаш кога ќе дојде во Скопје и дека во Македонија се чувствува како да и е втор дом.
„Ќе повторам, ова е мојот втор дом. Трет пат имам концерт. Се подготвувам. Има поголема одговорност“, изјави Теа.

Инстаграм/ Калиопи Букле
По официјалниот дел, Теа ја изненадија нејзините фанови од Македонија кои дојдоа со подароци, по што следуваше фотографирање и давање автограми. Пејачката на сето ова реагираше емотивно, со насмевка, но и со солзи радосници кои што можеа да ги забележа присутните.
Потсетуваме, Теа во еден хотел во центарот на градот беше пречекана и од Калиопи, а оваа средба сите ги изненади.

Инстаграм/ Калиопи Букле
Имено, токму Калиопи ја угости својата помлада колешка од Белград, а и двете беа поприлично возбудени од средбата.

Инстаграм/ Калиопи Букле
Ова беше посебно емотивно за Теа, која не крие дека е голем почитувач на ликот и делото на Калиопи, па имаше и трема од неа.
Добро ми дојде во Скопје, во мојот град! Нема да се персираме, јас сум Калиопи, како ме викаат моите најблиски и од денес и ти си моја блиска и добредојде во мојата земја! Сите одвај те чекавме – изјави македонската поп-дива, па ја викна својата колешка и на кафенце.

Инстаграм/ Калиопи Букле
Тие се прошетаа и низ плоштадот во центарот на градот, а граѓаните цело време се поздравуваа и сликаа со нив.

Инстаграм/ Калиопи Букле

Инстаграм/ Калиопи Букле

Инстаграм/ Калиопи Букле





