Наши ѕвезди

Познатата пејачка ни приреди спектакл за паметење во преполната сала – ечеше „Бато“ на сиот глас

За овој настан ќе се зборува со денови

Advertisement

Пејачката Калиопи Букле овој викенд уште еднаш покажа зошто го носи епитетот најголема македонска музичка поп-дива.

Таа одржа незаборавен концерт во „Македонската филхармонија“, а поради голем интерес на публиката, ќе има уште два концерти, на 6 и 7 декември 2025 година, на истото место, во истото време.

Advertisement

Станува збор за ексклузивен акустичен концерт „100% LIVE“ во кој публиката имаше можност да ужива во нејзините хитови.

Инстаграм/ Калиопи

Нејзиниот репертоар беше преполн со песните кои им се познати на сите, кои познатата пејачка и овој пат ги пееше со многу емоции.

Еден од најемотивните моменти беше кога пејачката заедно со оркестарот, но и публиката, во еден глас ја испеа песната „Бато“.

Инстаграм/ Калиопи

Познатите стихови го исполнија просторот со љубов, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Калиопи

Никој во публиката не стана рамнодушен, а и самата Калиопи блескаше од среќа пред својата бројна публика.

Инстаграм/ Калиопи

Носеше интересна креација на сцената, а во еден момент и самата откри дека е подослабена, прашувајќи дали и се познава.

Инстаграм/ Калиопи

Потсетуваме, Калиопи неодамна имаше и промоција на својата нова песна, а по тој повод откри и интересни детали од својот живот.

Инстаграм/ Калиопи

Таа зборуваше и за својот поранешен сопруг, со кого и денес соработува, но и за односот што тој го има со нивниот син.

Инстаграм/ Калиопи

Што друго сподели тогаш Калиопи со медиумите, откријте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button