Познатата пејачка го запали Скопје со својот шлиц – најбогатите Роми на едно место и не жалат пари
Теа Таировиќ пееше на Ромскиот бал – ова се деталите од спектаклот што вчера се случуваше во Скопје

Манифестација за која зборува целиот регион
Вчера во Скопје се одржа традиционалниот Светски ромски бал кој ја промовира ромската култура и музика.
Станува збор за културна манифестација која во далечната 1979 година ја започна Амди Бајрам, а вчера се одржа по 45-ти пат, и тоа во организација на синот на Амди, Габриел Бајрам, кој ја продолжи семејната традиција што повеќе од четири децении ја промовира ромската култура и музика.
На настанот се појавија бројни регионални, но и домашни познати личности, а специјална гостинка беше и Теа Таировиќ.
Инстаграм/ Ана Бајрам
Пејачката настапи пред повеќе од 1000 гости и направи вистински хаос како со својата музика, така и со својот изглед.
Инстаграм/ Ана Бајрам
Имено, Теа за оваа пригода избра мошне провокативна креација која максимално го истакна секој детаљ од нејзиното тело.
Инстаграм/ Ана Бајрам
И секое нејзино движење на сцената заради провокативниот стајлинг, и посебно заради длабокиот шлиц, привлекуваше внимание.
Инстаграм/ Ана Бајрам
Пејачката носеше златна креација составена од кус горен дел и тесно здолниште со шлиц кој толку беше длабок што ова издание на Теа никого не остави рамнодушен, посебно коа „замеша“ со телото на сцената.
Инстаграм/ Ана Бајрам
Таа беше добро расположена и со нејзините колкови направи вистинско лудило и забава за паметење.
Потсетуваме, Теа и минатата година беше дел од оваа манифестација, кога на сцената се појави и Цеца Ражнатовиќ.
Инстаграм/ Ана Бајрам
Станува збор за манифестација која се смета за една од најпосетуваните, но и најгламурозните ромски настани во Европа.
Инстаграм/ Ана Бајрам
На настанот се собираат најбогатите Роми од целиот свет, посебно оние што знаат да се веселат и да уживаат во добра музика.
Инстаграм/ Ана Бајрам
Оваа година покрај Теа еден од пејачите беше и Мухарем Сербезовски, балканска музичка легенда и гордост на Скопје.
Инстаграм/ Ана Бајрам
Повеќе детали од настапот на Теа погледнете во продолжение, а тука погледнете како изгледаа нашите познати дами на балот.