Познатата Македонка не успеа да стигне на време на инаугурацијата на Трамп, па се огласи веднаш
Во своето обраќање ја спомена и Меланија...
Нашата пејачка откри зошто не стигнала на инаугурацијата на Трамп
И додека целиот свет беше фокусиран на инаугурацијата на американскиот претседател, нашата позната пејачка ги насмеа сите.
Имено, на овој престижен политички настан се собраа многу влијателни личности како од политичкиот така и од општествениот живот. На инаугурацијата беше и нашиот премиер Христијан Мицкоски (повеќе за ова прочитајте тука), а по настанот во Капитол Доналд Трамп им се обрати на своите поддржувачи во арената.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Но нашата пејачка, за жал, од оправдани причини, не можеше да присуствува на инаугурацијата, па се огласи на Инстаграм.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Станува збор за Бојана Скендаровски, која се огласи со неколку фотографии, а под кои го напиша следниот коментар:
„Не успеав да стигнам кај Трамп на инагуирација, многу густа магла во Скопјево…🤣 А, и Меланија решила да биде центар на модното внимание денес, нема смисла да и правам проблеми🤣 Добар ден Македонијо“, се пошегува Бојана на своја сметка.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Таа за оваа пригода избра класично црно издание, со мала црна панделка и црвен кармин, избирајќи комбинација која би била одлична за еден ваков настан, но само доколку не беше густата скопска магла, ем ако маглата беше магла, а не – нешто друго.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Но за „маглата“ во некоја друга прилика…