Познатата Македонка искрено за разводот од сопругот и најтешкиот период во нејзиниот живот (видео)
Помина низ тежок период, па неодамна реши да сподели како се чувствувала и што и се случувало...

И покрај се таа вели дека на крај излегла како посилна жена…
Познатата манекенка со македонско потекло, Даниела Димитровска, десет години беше во брак со водителот Огњен Амиџиќ.
Тие во 2022 решија да се разделат, а оваа вест ги изненади сите бидејќи важеа како мошне складен брачен пар.
По нивниот развод и двајцата често истакнувале дека останале во добри односи и дека најважно им е грижата за нивниот малолетен син, кој остана да живее со мајката.
Инстагам/ Даниела Димитровска
Манекенката неодамна отвори и свој Јутуб канал, а неодамна зборуваше и за овој дел од својот живот и откри неколку детали.
И како што самата вели во видеото, тоа за неа бил мошне тежок период и најмногу и помогнала стручната помош.
Инстагам/ Даниела Димитровска
Таа не крие дека тоа за неа биле мошне стресни денови, смрт без умирање – како што вели самата, но и дека и била потребна помош
„Имате чувство дека покрај тоа емотивното што го оставате зад себе, го оставате и она што некогаш сте биле и некако страдате за таа личност, мислам на вас, односно на самата себеси. Ми беше потребна помош во тој момент, и доста стравови се појавија тогаш“ изјави познатата манекенка.
Инстагам/ Даниела Димитровска
Потсетуваме, Даниела во 2004 година победи на изборот на „Elite“ кога и се отворија вратите за светска кариера.
И откако престана активно да се занимава со манекенство, Даниела остана во светот на модата како директорка на агенцијата „Models Inc – Eite Model Look“, а во последно време поприлично е активна и на своите профили на социјалните мрежи.
Некои од нејзините објави погледнете во продолжение…