Бизнис

Познатата германска компанија им нуди на работниците по 500.000 евра – постои само еден непријатен услов

И многу Македонци работат во оваа компанија...

Advertisement

Германската компанија што произведува автомобил Мерцедес-Бенц сака да го намали бројот на вработени до 2027 година.

Како што пренесуваат медиумите, компанијата на овој начин ќе заштеди околу пет милијарди евра, а вработените кои ќе одлучат да ја напуштат компанијата ќе добијат отпремнина од 500.000 евра.

Advertisement

Оваа програма ќе трае од април до март 2026 година, а оние што имаат 30 и повеќе години стаж ќе добијат и поголема отпремнина.

Па така главен на тимот кој има 55 години и бруто плата од 9000 евра месечно со 30 години стаж ќе добие и повеќе од половина милион евра, додека службеник во компанијата стар 45 години и со 20 години работен стаж и бруто приходи од 7500 евра би добил околу 300.000 евра, пишува „Handelsblat“.

Потсетуваме, „Мерцедес-Бенц“ претходно постигна договор со работничкиот синдикат за програмите за штедење.

Advertisement

Фото: Мерцедес-Бенц

Како што објави Билд, компанијата се обврза дека до 2035 година нема да отпушта работници од оперативни причини, но вработените да се откажат од зголемување на платите, а оваа година ќе добијат и намалени бонуси.

Како што беше објавено претходно, Мерцедес планира во следните години и да ги префрли своите фабрики во земји со пониски трошоци.

Една од овие земји е и Унгарија, каде во блиска иднина ќе се зголеми капацитетот за производство, додека во Германија ќе се намалува.

Во оваа земја трошоците се пониски за до 70 % од оние во Германија, па затоа ќе биде преселен компактниот модел – Мерцедес Бенц W 176, кој припаѓа на компактната класа и се продава под името „А-класа“, откри неодамна финансискиот директор Харалд Вилхелм.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button