Познатата фолкерка во солзи заради смртта на синот – преголема болка, никогаш нема да го прежали
Една година по трагедијата босанската пејачка доби подарок заради кој се расплака...
Пејачката Лејла Леки се уште скршена од болка
На пејачката Лејла Леки пред нешто повеќе од година дена и се случи страшна семејна трагедија кога почина нејзиниот син Амар Шабиќ.
На социјалните мрежи сега се појави снимка на кој се гледа како пејачката добила слика на кој се нацртани таа и нејзиниот син.
Лејла кога ја виде сликата почна да плаче, а оваа емотивна и тажна снимка никого не остави рамнодушен.
Инстаграм
Потсетуваме, синот на босанската пејачка Лејла, Амар Шабиќ почина на 27 годишна возраст и тоа додека возеше автобус.
Инстаграм
Два месеци претходно почина и таткото на Лејла, а таа само неколку месеци по смртта на својот син мораше да се врати на својата работа.
Инстаграм
Пејачката тогаш многумина расплака кога на еден настап ја изведе песната „Сине мој“, истакнувајќи дека ја посветува „За сите синови“.
„Како мајка на својот сакан и никогаш прежален син, ќе ги испочитувам сите наши обичаи и адети. Низ животот ќе продолжам и понатаму со својата работа и дружење, со народот што цело време беше со мене. Мојата тага и болка никогаш никој нема да може да ја избрише од душата. Каде и да тргнам, па и да запеам од душа, во градите ќе остане и понатаму болката и тагата за мојот син“, истакна тогаш Лејла.