Познатата фолкерка со потекло од Македонија се повреди – фановите загрижени, пејачката веднаш се огласи
Раката ѝ беше замотана во завој

Фановите загрижени кога ја видеа во вакво издание
Пејачката Надица Адемов работи со полна пареа и подготвуваа нови спотови, а неодамна на снимањето доживеа мала незгода.
Како што пренесуваат медиумите, а потоа откри и самата пејачка, таа си ја повредила раката на снимањето.
Инстаграм/ Надица Адемов
Надица сподели фотографија на која нејзината рака е во завој, а со која откри и како течат работите околу нејзините нови песни.
Еден од спотовите во низата завршен. Одиме понатаму“„, напиша таа.
Инстаграм/ Надица Адемов
Како што пренесуваат медиумите, таа паднала за време на снимањето и ја повредила раката, што и предизвикало болка.
Потсетуваме, Надица се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, а денес важи за една од најбараните и најбогатите фолк-пејачки.
Инстаграм/ Надица Адемов
Таа по потекло е од Македонија, односно родена е во Скопје, но нејзиното семејство уште додека била мала се сели во Војводина, каде Надица ја започнува својата музичка кариера.
Инстаграм/ Надица Адемов
Нејзиното вистинско име е Надира Адемов, а наскоро ќе го прослави првиот роденден на својот син Амел, по што следува и роденденот на ќеркичката Мелина која што ја роди една година претходно.
Во брак е со бизнисмен милионер од Германија, а како тие уживаа во Монте Карло и како изгледа Ферарито од 300.000 евра со кое пејачката неодамна се почести, потсетете се тукa.