Новости

Познатата фолкерка претепана од партнерот – испливаа шокантни снимки, Ана е цела во модрици (фото)

Еве како изгледа Ана Николиќ откако беше нападната од Рале, снимката што ја објави е страшна

Advertisement

Вознемирувачко, пејачката е со крваво лице…

Познатата фолк-пејачка Ана Николиќ го пријави својот вонбрачен партнер Горан Ратковиќ Рале.

Advertisement

Како што пренесуваат медиумите, Ана отишла во полиција каде го пријавила својот партер, а по прегледот во болницата било утврдено дека пејачката има телесни повреди и дека е видно вознемирена.

Инстаграм/ Ана Николиќ

Таа веднаш била испратена на стационарно лекување, а на социјалните мрежи покажа како таа изгледа по расправијата со партнерот.

Advertisement

Пејачката претходно се снимаше додека плаче, а се гледа дека и целата маица и е со крв од повредите што ги има.

Инстаграм/ Ана Николиќ

„Фала му на Бога што те решив. Војо, јави му се на мојот брат, мајка, полиција, јави се во Брза помош, човекот ме претепа. Ми ја развали слепоочницата, ми го завори окото.. повикај брза помош, сите луѓе, те молам. Значи ми тече крв од сите страни, не можам да зборувам повеќе, целата сум во модрици и претепана сум“, вели пејачката во видеото што го објави на својот профил на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Ана Николиќ

Како што објавија медиумите, на нејзиниот партнер по пријавата за насилство му била изречена мерка забрана за приближување.

Инстаграм/ Ана Николиќ

Пејачката се здобила со тешки повреди на главата и рацете, а по излегување од полиција не сакаше да даде изјави.

Потсетуваме, Ана неодамна требаше да одржи настап во еден клуб во Будва, но пред самата свирка истиот го откажа.

Инстаграм/ Ана Николиќ

Таа тогаш изјави дека го откажала концертот наводно затоа што била изморена, а нејзините фанови веќе подолго време се загрижени за нејзиното здравје, па постојано апелираат блиските да ѝ помогнат.

И оваа снимка ги загрижи нејзините фанови кои коментираа дека е во тешка состојба и дека е страшно тоа што и се случува.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button