Новости

Познатата фолк-пејачка прв пат роди на 52 години, а сега сподели преубава вест и сите ги израдува

Му се заблагодарува на Господ за животот што и го дал

Advertisement

Познатата фолкерка никогаш не била посреќна

Познатата српска фолк-пејачка Сања Малетиќ го прослави првиот роденден на својата ќеркичка Вања која ја роди на 52 години.

Advertisement

Таа направи гала прослава и не ја криеше среќата, а како што вели, најсреќна е кога се буди и си легнува со својата наследничка.

Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ

„Таа е прекрасно, мамино девојче“, вели пејачката.

Advertisement

Таа потоа додаде и дека секое утро му се заблагодарува на Господ за животот што и го дал на крајот од сите борби.

Инстаграм/ Сања Малетиќ

„Бев на крајот од патот да изгубам секоја надеж, но не ја изгубив. Јас успеав во овие години“, раскажува со солзи пејачката/

Потсетуваме, познатата фолк-пејачка Сања Малетиќ по долги години борба за потомство стана мајка на 52 годишна возраст.

Инстаграм/ Сања Малетиќ

Таа се породи минатата година на Видовден, а на нејзината ќеркичка и го даде името Вања што на руски значи „онаа што е испратена од Господ“.

Веста дека Сања родила девојче тогаш го израдува регионот затоа што пејачката често зборуваше за нејзината борба да се оствари во улога на мајка и дека нема никогаш да се откаже од оваа своја намера.

Повеќе за ва прочитајте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button