Познатата фолк-пејачка Анета сподели преубава вест – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Нејзините фанови ова долго време го чекаа...

Познатата пеачка реши да ја израдува својата публика
Нашата позната фолк-пејачка, Анета Љумаковска, во последно време води поприлично возбудлив живот.
Впрочем тоа може да го видиме и од нејзините бројни објави, а очигледно пејачката нема намера тоа да го промени.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Па така откако деновиве сите не изненади со уште една промена во имиџот (види тука), Анета сега сподели дека работи на нов спот и песна, откривајќи неколку детали во врска со проектот.
Таа сподели и неколку фотографии од разни дестинации на кои е заедно со екипата со кои работеше во изминативе денови.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Она што сите го забележаа е нејзината нова фризура со шишки, па покрај честитките следуваа и бројни комплименти.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Впрочем од големиот број лајкови и коментари може да видиме и колку многу публиката е во исчекување на нејзина нова песна.
Еве што пејачката откри засега:
„Два дена поминати на сонце, топлина, замор, неспиење, патување од една дестинација на друга,но сепак позитивни, насмејани и расположени во исчекување на крајниот резултат од тоа што го имавме замислено, ја завршивме успешно нашата мисија, и на крај видовме дека ништо не било залудно кога се работи сложно, неуморно со полна пареа, а сето тоа може да се постигни со екипа на луѓе кои се професионалци во својот занает и едноставно си ја знаат својата работа“.
Покрај ова, пејачката го напиша и следново:
„Ова беше едно ново искуство, ново доживување што ќе го паметиме, а сето тоа спакувано во еден видео запис за една од моите понови песни чии автори се: Текст – АНИТА ДАЕВА, Музика и аранжман – БОБАН МОЈСОВСКИ ,што ќе остани да се гледа и да се слуша понатаму“, напиша Анета.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа истовремено и им се заблагодари на сите со кои соработуваше на проектот, а откри и дека видеото се снимаше во Кавала.
„Се надевам дека ќе ја оправдаме вашата доверба и дека ова што го сработивме изминативе два дена, ќе донесе голема гледаност и голем успех“, напиша Љумаковска, на крајот од своето обраќање, а како изгледше и зошто сите зборуваат и за нејзиниот нов имиџ, погледнете од фотографиите во продолжение: