Наши ѕвезди

Познатата албанска пејачка од Македонија во солзи – со потресни зборови се збогуваше од својот пријател

Од снимките што ги објавија медиумите може да се види како бројни колеги се зборуваат од познатиот пејач...

Advertisement

И неколку дена по погребот на пејачот од Тетово кој ненадејно почина од срцев удар неговите колеги и колешки се сé уште во шок.

Една од нив е и Аделина Тахири која скршена од болка на социјалните мрежи сподели неколку тажни објави со кои се збогуваше од својот пријател и драг колега, Шпат Касапи, кој почина на 26 ноември.

Advertisement

Пејачката на нејзиниот Фејсбук објави неколку фотографии на кои е со Шпат, но и емотивни зборови што расплакаа многумина.

Фејсбук/ Аделина Тахири

„Шпаче, немам зборови и не знам како да ја опишам оваа болка. Првите успеси во животот ги доживеав со тебе, незаборавни моменти што секогаш ќе ги чувам со себе. Почивај во мир, брате мој“, напиша таа.
На нејзиниот профил има снимка и од погребот, како и последното збогување на пејачката со својот драг колега и пријател.

Мислев дека денес ќе се сретнеме да ручаме заедно, а не да се збогуваме, изјави во солзи пејачката на погребот.

Принтскрин

Потсетуваме, пејачот Шпат Касапи беше погребан во неговиот роден град, а беше еден од најпознатите албански пејачи во Македонија. Неговата богата музичка кариера започна некаде во 2000-те, а веста за неговата прерана смрт ги остави во шок неговите пријатели и колеги од естрадата.

Принтскрин

Неговата мајка Ѓилумсер Касапи беше пратеничка од редовите на СДСМ, а и тој работеше како советник за култура и општество на првиот вицепремиер во претходната Влада, Артан Груби.

Фејсбук/ Аделина Тахири

Шпат зад себе остави неутешна сопруга и малолетно дете, а неговиот живот згасна за време на нивното патување во Италија.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button