Реклама
Новости

Познатата актерка се огласи по смртта на нејзиниот син – скршена од болка, Бране и беше сé во животот

Се огласи Мира по смртта на нејзиниот син единец

Реклама

Познатата актерка уште од времето на поранешна Југославија, Мира Бањац, се огласи за српските медиуми и скршена од болка изјави:

„Не знам за себе, сé е готово“, изјави Мирка кратко.

„Бранислав (72) почина по компликација со воспаление на белите дробови, изјави претходно пријателката на познатата актерка.

Маркетинг

Како што пишуваат медиумите, синот живеел со својата мајка во Нови Сад и цело време и бил најголема поддршка во животот.

Маркетинг
Инстаграм/ Мира Бањац

Инаку, Бране, како што го викале најблиските и пријателите, бил единствено дете на славната југословенска артистка кого што таа со гордост го одгледа по разводот од неговиот татко, инженерот Андреја Јовановиќ.

Инстаграм/ Мира Бањац

Мира својот син го доби во 1951 година, само една година по дипломирањето. Иако бракот со таткото на Бране не траел долго, поранешните сопружници останале посветени родители и секогаш неговата среќа им била на прво место.

Бранислав Јовановиќ во младоста бил државен првак во дигање тегови, но својата кариера ја продолжил како снимател на телевизија.

Инстаграм/ Мира Бањац

Тој иако беше повлечен и далеку од очите на јавноста, на својата мајка Мира отсекогаш и бил најголема поддршка и потпора во животот.

Принтскрин/ Јутуб, РТС

По заминувањето во пензија, Бранислав уживал во лов и изработка на мебел, но секогаш му било важно да биде со својата мајка.

Неговото заминување преставува голема болка за легендарната актерка која секогаш за медиумите велела дека мајчинството е нејзината најголема улога во животот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button