Познатата актерка пристигна на аеродромот во Скопје во издание заради кое и пилотите се вртеа по неа
Лидија Вукиќевиќ пристигна во Скопје, во четврток гостува со комедијата „Обвинителка“ во МНТ
Изгледаше како авион…
Многумина го коментираа и нејзиното феноменално модно издание, со кое оваа дама покажа што значи да се има стил.
Ексклузивно објавуваме дека денес на аеродромот во Скопје пристигна мега популарната актерка уште од времето на Југославија Лидија Вукиќевиќ, која на сите ни е позната од сериите „Подобар живот“, „Жикина Династија“ и многу други. Таа во четврток ќе игра на сцената на Македонскиот народен театар со претставата која е урнебесна комедија со наслов ,,Обвинителка”, а со неа на сцената се и актерите Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов. Влезниците за во четврток за оваа комедија речиси се сите распродадени, односно останаа уште малку билети за втората изведба од 21 часот, додека првата изведба е целосно распродадена.
Како што ексклузивно дознаваме, актерката веќе е пристигната и со голема радост доаѓа во Скопје.
Приватна архива
На Скопскиот аеродром ја пречека нејзиниот колега Сашо Ристовски кој ексклузивно ни изјави: „Да , Лидија е веќе во Скопје и се до петок ќе биде тука. Следуваат денови со исполнета агенда и се радувам што е моја и наша гостинка“, откри Ристовски за Гламур.
Приватна архива
Познатата актерка пристигна во беж панталони и тесна бела блуска, а целото издание го зачини со својата шик фризура.
Приватна архива
Видно расположена таа со насмевка им реагираше на оние што ја препознаа, а сите се согласни дека изгледаше шик.
Приватна архива
Вукиќевиќ целото издание го заокружи со големи, темни очила за сонце, така што нема некој што не се сврте по неа.