Позната македонска водителка ужива со сопругот на најлуксузното место на светот во брутално издание
На ова место прославија и годишнина од бракот

Еве како изгледа Елена кога ужива со сопругот
Елена Најдоски, наша позната водителка, во јавноста најмногу е препознатлива по нејзината популарна емисија „Живот со стил“.
Таа е голем професионалец кога е нејзината професија во прашање, а со својата харизма привлекува внимание и на Инстаграм.
Инстаграм/ Елена Најдоски
Таа со своите модни приказни често им дава домашна задача на сите останати колешки, а така беше и овој пат.
Имено, таа покажа како ужива на Азурниот брег, а нејзините фотографии не можеа да поминат незабележително.
Инстаграм/ Елена Најдоски
Таа посебно внимание привлече со едноделниот костим за капење со бели линии, но и со црниот проѕирен фустан.
Инстаграм/ Елена Најдоски
Покрај здолништето кое беше целосно од чипка и ги истакна нејзините нозе, таа носеше и црни „мрежести“ сандали.
Инстаграм/ Елена Најдоски
Но покрај оваа гламурозна комбинација, Елена фасцинираше и со сите останати детали што ги носеше на ова патување.
Инстаграм/ Елена Најдоски
Тука пред се мислиме на скапоцените чанти, но и преубавиот бел фустан во кој изгледаше како холивудските диви.
Инстаграм/ Елена Најдоски
Потсетуваме, водителката Елена Најдоски (моминско Стефановска) пред само неколку дена прослави три години брак.
Инстаграм/ Елена Најдоски
Таа сопругот Бојан, познати скопски бизнисмен, годишнината ја прославија во Кан од каде исто така споделија фотки.
Инстаграм/ Елена Најдоски
Тие нивната раскошна свадба ја направија на 9 јули 2022 година во хотелот „DoubleTree by Hilton“ по речиси три години врска.
Тие и годишнината ја прославија во еден од најлуксузните хотели на ова место, како Елена изгледаше и како невеста, потсетете се тука.