Наши ѕвезди

Позната Македонка со топлес издание му ја честиташе победата на Трамп?! Ова ги изненади сите

Поранешната водителка на необичен начин му ја честиташе победата на новиот американски претседател

Advertisement

Поранешната македонска водителка Хелена Роза се огласи на својот Инстаграм откако Доналд Трамп прогласи победа.

Хелена најпрво сподели една историска фотографија од идниот американски претседател, од моментот по обидот за неговиот атентат, честитајќи му ја на овој начин убедливата победа.

Advertisement

По оваа фотографија Хелена сподели и еден постар текст од нашите медиуми од 2016 година, а во кој се зборува за неа, но и за старо-новиот претседател Доналд Трамп, а во кој има и една нејзина стара фотка со која поранешната водителка ги изненади сите.

Инстаграм/ Хелена Роса

„Имав привилегија да го сретнам Трамп во 1996 година на еден од неговите натпревари за убавина и избор на американска девојка од соништата на Бахамите“, напиша Хелена на англиски на својот Инстаграм, појаснувајќи дека станува збор за текст кој бил објавен во нашите медиуми во 2016 година.

Advertisement

На објавата покрај фотографијата од Трамп, стои и една нејзина во топлес издание што дополнително ги изненади сите.

Инстаграм/ Хелена Роса

Хелена на овој начин му ја честиташе победата на Трамп, а потоа сподели и едно видео кое најдобро опишува колку се радувала кога го слушнала резултатот од изборите во САД. На снимката што ја сподели се гледа една девојка која скока од радост и се гушка со своето куче, а Хелена појасни дека приближно вака и таа изгледала кога ги слушнала вестите за историската победа на Трамп.

Инстаграм/ Хелена Роса

Потсетуваме, Хелена на настанот од пред речиси цели три децении се потсети и во 2016 година, по првата победа на Трамп.

Инстаграм/ Хелена Роса

Поранешната водителка тогаш сподели топлес фотографија, а под неа го напиша следниот коментар со кој и тогаш му ја честиташе победата.

„Ете, можам и да се пофалам дека лично и персонално имам вечерано со американски претседател.“

Инстаграм/ Хелена Роса

„Ок, јас и уште 114 други девојки од целиот свет што се натпреварувавме на Бахамите во далечната 1996 г. на еден од изборите за убавина под негова капа“ напиша тогаш Хелена на Фејсбук.

Инстаграм/ Хелена Роса

Инстаграм/ Хелена Роса

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button