Позната Македонка цела вечер славеше, па ја сподели и најромантичната фотографија со сопругот
Водителката Елена Стојановска Јанковска славеше роденден – еве колку години наполни и каква торта си доби

Цело време уживаше и не ја тргаше насмевката, а суптилната шминка ги нагласи цртите на нејзиното убаво лице.
Нашата позната водителка славеше роденден, па на Инстаграм сподели неколку сними од „лудата“ прослава.
Водителката Елена Стојановска Јанковска го прослави роденденот во елегантно издание, па ја покажа и необичната торта што ја доби.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
На прославата беше и нејзината сестра Катерина која исто така е убавица, а Елена сподели и една романтична фотографија.
Имено, Елена сподели фотографија на која седи покрај сопругот Огнен, во интимна атмосфера и се држат за рака.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Покрај сопругот и сестрата, водителката својот 45 роденден го прослави заедно со своите најблиски и пријатели, а посебно внимание привлече и тортата на која на англиски пишуваше: „Вештерките не стареат“.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Прославата беше во еден ресторан од каде Елена сподели неколку снимки, а оваа пригода носеше преубав црвен фустан.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Таа за роденденската прослава избра елегантна креација без ракави која што ја истакна нејзината беспрекорна линија, а целото издание го заокружи со интересен накит и коса со нежни локни на краевите.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Потсетуваме, Елена важи за една од нашите најубави водителки, ова години слави 15 години брак со сопругот Огнен.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Круна на нивната љубов е ќерката Илина, а како Елена изгледаше и како невеста, потсетете се тука.