Позната Албанка од Македонија го „запали“ Дубаи – носи луксузни парчиња, со сопругот ужива за сите пари
Пејачката откри како ужива на егзотичната дестинација со тоа што објави неколку фотографии од плажата и прошетките низ овој преубав град...

Една од нашите најпознати, но и најубави Албанки, Аделина Тахири, овие денови ужива со семејството во Дубаи.
Пејачката која според многумина е една од најатрактивните дами во нашата земја, ги полни батериите во овој град на Истокот, но истовремено не заборави и на обожавателите, па ги почести со хит снимки што ги сподели на Инстаграм.
Имено, таа се снимаше додека се сонча и ужива во убавото време, а во преден план беше нејзиното беспрекорно тело.
Пејачката позираше во црн дводелен костим за капење покажувајќи дека нема ни грам вишок и дека изгледа совршено.
Таа покажа дека никогаш не била во подобра форма и дека костимот за капење ѝ стои совршено, па со голема самодоверба сподели неколку снимки и сите ги воодушеви, а сигурно остави без зборови и многу претставници на посилниот пол што во тој момент се најдоа во нејзина непосредна близина на егзотичната плажа.
Инстаграм/ Аделина Тахири
Имено, нема шеик или претставник на машкиот род што нема да забележи дама со ваков шарм на плажа.
Инстаграм/ Аделина Тахири
Таа и денес блеска, па дури и подобро од кога било досега, а бременоста не остави никаква трага на нејзиното тело.
Инстаграм/ Аделина Тахири
Потсетуваме, русокосата скопјанка во 2017 година се омажи со познатиот адвокат од Македонија, Серојожа Марков, а истата година во август пејачката се оствари и во најважната улога во нејзиниот живот – го доби својот син и стана мајка.
Инстаграм/ Аделина Тахири
Ова е нејзин прв брак и прво дете, а нејзиниот сопруг и претходно беше во брак од кој има две деца кои живеат со мајката.
Инстаграм/ Аделина Тахири
Како Аделина уживаше на ова место, погледнете во продолжение….