Французинката Изабел Аџани е позната по своите фантастични актерски успеси, повеќе пати е прогласена за една од најубавите актерки на светот, а нејзиното убаво лице красеше многу насловни страници на списанија.
Во 1990 година таа се најде на листата од 50 најубави жени во светот, а кога магазинот „Los Angeles Times“ правеше листа за најубави жени во филмските остварувања на сите времиња, првото место го зазема баш таа. Изабел поседува необична убавина, а станува збор за комбинација од различни гени – нејзиниот татко е со потекло од Франција, а нејзината мајка од Германија.
Денес има 63 години и оваа Парижанка и понатаму воодушевува со својот изглед, а многу дами обожаваат да ја видат и на црвениот тепих, со цел да научат некоја стилска лекција од неа.