Реклама
Наши ѕвезди

Еден од најпознатите југословенски пејачи во кoма, на респиратор – неговиот менаџер во солзи ги соопшти лошите вести

Реклама

Фановите се надеваат дека ќе ја победи болеста.

Пејачот Крунислав Кичо Слабинац се наоѓа во вештачка кома и животот му е загрозен, јавуваат хрватските медиуми.

Маркетинг

Направена му е рутинска операција, но ситуацијата се искомплицирала. По првата, следувале уште две операции. Последните неколку дена ги поминува во интензивното одделение на КБЦ Загреб.

„Сите очекувавме дека за неколку дена ќе излезе и дека се ќе биде добро, а потоа дознав од своите пријател, односно од Иван, неговиот син, дека ситуацијата не се одвива онака како што би требало. Денес дознав дека е на респиратор. Сега зошто е тоа така, тоа не знам. Јас секој ден му испраќам пораки, но гледам дека не ги отвора“, изјави со солзи за РТЛ, Душко Локин, неговиот менаџер за странство и долгогодишен пријател.

Инаку, Крунислав Кичо Слабинац неодамна прослави 50 години од својата соло кариера.

Маркетинг

Пееше буквално сé, од рок до фолк.

За познатиот пејач велат дека беше најголемиот шоумен во неговата генерација во поранешна Југославија, а неговите пријатели се надеваат дека заради својот ведар и оптимистички дух ќе може да ја победи болеста.

Кичо е голем оптимист. Голем. Тоа го знаат неговите најблиски пријатели и мислам дека ќе излезе од сето ова како победник повторно. Бидејќи по мозочниот удар, ова би било фантастично. И еве јас го чекам. Кичо, драг пријателе мој, јас те чекам“, изјави Локин за хрватската телевизија.

Поврзано

Back to top button