Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Позитивна и полна со живот – пријателката Овен е нашиот ангел чувар

Реклама

Ако вашата најдобра пријателка во хороскоп е Овен, тоа значи дека ретко или никогаш нема да ве одбие кога барате некоја услуга, затоа што целосно ви верува и за вас е подготвена да направи се’. Едноставно речено, таа е вашиот ангел чувар.

ФОТО: unsplash.com

Со пријателката Овен никогаш нема да ви биде досадно и нема да ве остави кога сте во неволја. Во ова време кога сите остануваме дома, баш пријателката Овен ќе не’ поттикне на виртуелна забава. Во доба на ограничени активности и движења, припадниците на овој хороскопски знак ќе бидат спремни да смислат различни виртуелни активности, со цел сите да се забавуваат.

Пријателката Овен е полна со живот, секогаш е позитивна и иницијатор за одлични планови. Родена е да биде лидер и затоа се чувствува пријатно кога ѝ се доделени повеќе одговорности за нејзината група пријатели. Како и во љубовта, така и во пријателството, жената Овен во еден момент може да донесе возбудувања и хаос, а во другиот веќе да ја нема.

Маркетинг

Најдобрата пријателка родена во овој хороскопски знак е онаа која прва ќе ја побарате кога ќе западнете во некоја неволја, а таа секогаш ќе остане со вас, без разлика во каква ситуација се наоѓате. Кога и да ја повикате, таа ќе долета до вас и со себе ќе донесе великодушност, тврдоглавост, но и здрав разум.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button