Реклама
Celebrity

Пожарите во Лос Анџелес ги раскараа ѕвездите и обичните луѓе, чест на исклучоци- Шерон Стоун испраќа камиони со храна, Кардашијан го напушти градот и се моли на Бога

Спасувањето на една куќа, како онаа на Том Хенкс, може да потроши „приватни“ резерви на вода што би спасила десетици други куќи.

Реклама

Велат дека до понеделник наутро брзината на ветерот на крајбрежјето ќе достигне и 100 километри на час. Пожарникарите се уште немаат сила и вода да ја спречат природната катастрофа.

Пожарите се вообичаени во Лос Анџелес, но оние што започнаа на 7 јануари 2025 година веќе се нарекуваат најразорни во историјата на градот.

Во моментов само три од нив се локализирани: Вудли, Оливас и Сансет. Уште пет – Палисајд, Ајтон, Херст, Лидија и Кенет – продолжуваат да беснеат уништувајќи домови и природа, оставајќи зад себе само пепел.

Маркетинг
Шерон Стоун ги отвори вратите на својот дом за сите на кои им е потребна помош и испраќа камиони полни со храна и облека, фото принтскрин Јутјуб
Актерката Џенифер Гарнер во акција. Таа го собра дома и нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек на кого му изгоре домот, фото принтскрин Јутјуб

Вкупната штета допрва треба да ја пресметаат државните органи, но веќе е јасно дека бројките ќе бидат катастрофални. Поради зголемениот сеизмички ризик, куќите во Калифорнија обично се градат од дрво, па пожарот ги проголтува една по друга.

Анџелина Џоли несебично помага на загрозените од пожарите, фото принтскрин Јутјуб

Во катастрофата веќе загинаа 11 луѓе, а десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата, меѓу кои и холивудските познати личности Парис Хилтон, Мел Гибсон, Бен Афлек, Марк Хамил, Ентони Хопкинс, Спенсер Прат, Хајди Монтаг, Мајлс Телер, Џејмс Вудс, Адам Броди и Лејтон Мистер, Леонардо ди Каприо, Џејми Ли Кертис, Марија Шрајвер и други.

Маркетинг

Не е можно локализирање на пожарот не само поради силниот ветер, туку и поради недостигот на вода во резервоарите со која го гасат пожарот пожарникарите.

Само малкумина успеваат да ги спасат своите домови, но тоа чини многу пари. Секој што може да си дозволи такви огромни трошоци се јавува во приватни противпожарни бригади и купува вода одделно или ја испумпува од сопствените базени.

Среќниците ги вклучуваат, на пример, Стивен Спилберг кој го спаси неговиот огромен имот, како и Том Хенкс.

И други големи имиња ангажирале приватни противпожарни бригади на сметка на огромни сопствени трошоци за да го сочуваат недвижниот имот во кој вложиле премногу пари. За време на бесните пожари во изминатите години, семејството Кардашијан, на пример, на овој начин го спасуваше својот дом, што предизвика бран на негативни критики од јавноста.

Овојпат, ако се потврди теоријата на приватната противпожарна бригада, тоа ќе изгледа уште понепринципиелно, бидејќи резервоарите со вода биле практично празни, а гаснењето на една куќа, како онаа на Том Хенкс, може да потроши резерви на вода што би спасила десетици други куќи.

Многумина ја обвинуваат градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, за ситуацијата со шумските пожари која достигна критична точка.

Токму таа ги скратила трошоците за противпожарната служба, а на самиот почеток на катастрофата го напуштила градот, поради што луѓето на социјалните мрежи веќе ја повикаа жената да ја напушти функцијата.

Жителите на Калифорнија сега се принудени сами да се справат со разорните последици од пожарите.

Многумина помагаат во гаснењето на пожарите кои ги зафатиле куќите на нивните соседи, а зборуваат и за нивната подготвеност да ги засолнат оние што останале без покрив над главата.

Во текот на изминатите пет дена, пожарите веќе уништија околу 10 илјади објекти. Хотелите во Лос Анџелес и околните градови се преполни, а многу луѓе немаат пари ни за престој во хотел.

Меган Маркл и принцот Хари се здружија со пријатели од Монтесито и моментно помагаат во дистрибуцијата на храна и облека на оние на кои им е потребна. Двојката започна и собирање средства за погодените од пожарите.

Меган и принц Хари пристигнаа на помош на оштетените од пожарите, фото – принтскрин Јутјуб

Помош на настраданите им пружила и Анџелина Џоли. Актерката заедно со нејзиниот 16-годишен син Нокс купила намирници за оние на кои им се потребни. Ѕвездата, исто така, истакна дека во нејзиниот дом во Лос Фелиз ги засолнила најблиските кои ги загубиле своите домови, а во блиска иднина планира да даде и парична донација.

Џејми Ли Кертис веќе донирала 1 милион долари за добротворни цели, а Шерон Стоун донирала неколку камиони облека и храна. На оваа иницијатива се приклучиле и сестрите Кардашијан – но од далечина, тие самите го напуштија опасниот регион. На својот инстаграм-профил Ким покажа како се моли на Семоќниот и повикува на дожд.

Претседателот Џо Бајден прогласи состојба на катастрофа во Калифорнија, а евакуацијата продолжува во многу области.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button