Ова е една приказна до која случајно налетавме на Фејсбук, а ја има постирано извесен Душан Јовановиќ на неговиот Фејсбук профил.
Еве што вели тој во неговиот пост:
„Поздрав до сите политичари, оваа бабичка е Драгиња, од Мирјево, инаку родена белграѓанка. Оваа супер бабичка секоја сабота и недела станува во 4 наутро и ја турка својата количка до пазарот за да на истиот стигне во 7 наутро како би продавала цвеќиња и би заработила 500 динари. По што се како се враќа во својата куќа на врвот во Мирјево. Минатата сабота во тој момент надвор беше 28 степени. Гледајќи ја вака подгрбавена и како се тетерави на улицата, го паркирав автомобилот и се понудив да ја туркам количката не знаејќи во што се впуштам, мислејќи дека нејзиниот дом е тука некаде, максимум на 200 метри оддалеченост. Одвај ја убедив да и помогнам и тргнавме се уште не претпоставувајќи дека ќе треба да ја туркам количката 2-3 километри, од што половина пат до нејзиниот дом е угорница. Јас се изморив, а како и беше нејзе не смеам ни да помислам. Зборувавме целото време по пат. Бабичката има мизерна пензија, не сака да проси и изразито е поносна на тоа што заработува за преживување, и не и е тешко тоа што мора три часа да пешачи само во една насока. На крајот извади труп пари од по десет денари да ми даде за сокче, а јас и се заблагодарив и и ги вратив парите. Ми посака многу здравје, а јас нејзе помалку вакви тешки денови. И целта на оваа приказна воопшто не ми е промоција на хуманото дело, бидејќи не сум таков, туку да дадам еден пример.. колку ми е срам што ни оди толку добро… И затоа Дачичу, Вучичу, Борисе, Чедо, Пајтичу и сите останати политички го*на (ова би можело да важи и за нашите политичари!), и сите вие кои сте дел од омладината на политичките партии од кои не можам да се шетам низ градот во последно време, да ви се се*ам во вашите изборни ветувања, идеологија и чиста демагогија.“
Па, нам останува само да кажеме БРАВО за овој пост, да ве замолиме да го споделите, но и да ве прашаме едно незгодно прашање:
Што мислите, колку вакви бабички има кај нас?