Повкусно не сте пробале, а се прават за 15 минути, без печење – овие Рафаело топчиња се топат во уста!
Брзи и неодоливи Рафаело топчиња без печење.

Барате едноставен десерт кој се подготвува без мака, а со секој залак воодушевува? Овие Рафаело топчиња се вистинска сладост – готови за само 15 минути и идеални за секоја прилика: ненадејни гости, семејни собири или едноставно со шолја кафе.
Без потреба од вклучување на рерна, овој рецепт е вистинско спасение кога ви се јаде нешто слатко, а немате многу време. Подготовката е едноставна, состојките се достапни, а резултатот се неодоливо нежни, миризливи топчиња обложени со кокос, кои буквално се топат во уста.
Advertisement
Со само неколку чекори, ќе направите десерт кој потсетува на најфините пралини од слаткарница – и тоа во удобноста на сопствениот дом!
Состојки:
200 г бело чоколадо
150 г грчки јогурт
120 г кокосови трошки
Сечкани лешници
Сечкани ф’стаци

Подготовка:
Во една чинија измешајте ги кокосовите трошки и грчкиот јогурт, па од добиената смеса обликувајте топчиња со раце. Оставете ги да се оладат во фрижидер 10 минути.

Во меѓувреме растопете го белото чоколадо и додајте ги во него сечканите лешници и ф’стаци. Добро промешајте.
Извадете ги топчињата од фрижидер и убаво обложете ги со подготвената чоколадна смеса од сите страни.
Оставете ги уште 30 минути во фрижидер да се стегнат и потоа сервирајте ги.
Уживајте во превкусните Рафаело топчиња!