Реклама
MAMAСекс

Утешете се, не сте единствени: Повеќето парови се караат за овие работи

Реклама

Кавгите не се случуваат поради самите проблеми, туку поради недостигот на комуникација помеѓу партнерите. Ако имате слаби комуникациски вештини, после минута или две по замерките од партнерот, ќe дојде до карање. Експертите за врски и брачните советници наведуваат неколку чести причини за кавги помеѓу паровите.

ФОТО: goalcast.com

Посветеност

Посветеноста е честа тема околу која паровите може да се караат. Типично, паровите се караат кога едната страна се чувствува попосветена од другата.

Поделба на работите

Проблемот настанува кога едната личност чувствува дека е задолжена за се’. Во оваа улога најчесто се жените. Меѓутоа, честопати се случува и мажите да работат повеќе, а за тоа да не добиваат никаква благодарност.

Маркетинг

Социјалните мрежи

Многу парови, а особено младите, го имаат овој проблем. Едната страна честопати ѝ замеува на другите поради пречестото и предолгото поминато време поминато на социјалните мрежи. Проблемот е исто така и објавувањето одредени информации или фотографии кои можеби премногу откриваат за брачниот живот. А како шлаг на тортата е останувањето во контакт со бившите девојки или момчиња.

Пари

Кавгите околу парите обично доаѓаат подоцна во врските. Сосема е нормално едната страна повеќе да штеди, а другата да троши. И двете страни мислат дека се во право. Првиот чекор за разрешување на ова е разговорот. Доаѓањето на децата може да ги промени работите. Личноста која работи порано или подоцна го злоупотребува тоа.

Маркетинг

Приоритети

Многу често се случува едната страна да ја става работата пред врската. Некои луѓе се зависни од работа, додека, пак други ѝ даваат приоритет на врската.

Заедничко време

Кога доаѓа првото дете, времето кое паровите го поминувале заедно се намалува. Тоа може тешко да ѝ падне на едната, или пак на двете страни. Затоа, многу е важно паровите да се трудат да ја одржуваат интимноста по доаѓањето на детето.

Поврзано

Back to top button