Интервју

Повеќе ги знаеме српските и бугарските пеачи од нашите – искрено со Даце Николовски

Насмевката и прегратката на сопругата кога ќе ми отвори врата во доцните часови враќајќи се од настап е за мене бесценето искрено со Даце Николовски

Реклама
Реклама

Немаме вистинска музичка продукција како соседниве земји, немаме доволно музички емисии“, вели пеачот Даце Николовски

„Започнав да пеам уште во средношколските денови кога имав 16 години и не престанав да го работам тоа до ден денешен. Пеев  со многу музичари, но Академци се врвот на мојата кариера. Во ансамблот Танец сум вработен од 2007 година ,а работната позиција ми е постар пејач – солист  Да си дел од една ваква институција  е награда, орден кој секој би посакал да го носи на гради бидејќи ја претставуваш културата и традицијата на својата татковина и својот народ низ светот, вели за Гламур пеачот Даце Николовски

Релативно нови сте на македонската  музичка фолк сцена, започнавте како вокален солист на групата  Академци. Кажете ни нешто повеќе за Вашите почетоци?

Релативно е правиот термин (се смее). Академци се врвот на мојата досегашна пеачка кариера кога се работи за фолк сцената и пошироката јавност можеби медиумски најмногу ме запозна откако сум дел од Академци, но секако дека тоа не е и почеток на истата бидејќи започнав да пеам во средношколските денови кога имав 16 години и не престанав да го работам тоа до ден денешен .

Маркетинг

Пеев и со музичари и со музиканти (се смее),поминав низ неколку музички состави ,на голем дел од настапите во минатото функционирав и како дуо со колега кој свиреше клавијатура,потоа и како трио бидејќи имавме и женски вокал.

Поминав многу локали низ земјава,кафулиња,дискотеки,ресторани,мали меанчиња,градови и села,дел од локалите каде пеев во минатото и не постојат повеќе што на моменти ме замислува па се прашувам дали сум остарел веќе за оваа работа (се смее).

Маркетинг

Во младоста не прашував каде и што треба да се пее туку одев секаде каде што ќе ме повикаа бидејќи сакав и сеуште сакам предизвици, тие честопати знаат да бидат сосема ново искуство а се е школо. Се случуваа грешки,сум се срамел многу пати на почетокот кога ќе ме повикаат да го земам микрофонот и да запеам но така се учи и се пече занаетот ако сакате да успеете и еден ден да бидете на врвот,  дали како солист или како дел од музички состав не е важно.

Јас веќе 9-та година ја имам таа привилегија да бидам дел од Групата Академци односно врвот кој функционира веќе 36 – 37 години на Македонската сцена со едни од најдобрите музичари односно композитори и професори по музика кај нас.

Приватна архива

Дел сте од ансамблот Танец каде што сте во работен однос. Колку време сте таму и што значи за Вас да сте дел од Танец?

Во Ансамблот Танец сум вработен од 2007 година ,а работната позиција ми е постар пејач – солист.

Да си дел од Танец наједноставно кажано  е награда,орден кој секој би посакал да го носи на гради бидејќи ја претставуваш културата и традицијата на својата татковина и својот народ низ светот и тоа претставува гордост,чест и привилегија.

Кога ќе излезам на сцена и ќе отпеам традиционална македонска песна ,кога ќе видиш емоции во очите и лицата на публиката без разлика дали се тие наши иселеници или тамошни жители на земјата каде гостуваме и сето тоа на крај е проследено со огромен аплауз…тоа е бесценето.

Дали има доволно простор за претставување на музичките артисти кај нас? Што е тоа што најмногу ви фали да бидете барем приближно на ниво на нашите соседи во однос на се?

Ако мислите на медиумски простор,да. Мислам дека имаме доволно медиуми каде што можат да се претстават  и да се рекламираат сите пеачи и музичари но кога се работи за тоа што ни недостига за да бидеме барем малку слични на соседите, на таа тема има многу за зборување .

Немаме вистинска музичка продукција како соседниве земји, немаме доволно музички емисии,нема тв музички програми. Недоволно се пласира македонска народна музика на тв и радио каналите, а интересно е тоа што кога на телевизија ќе видите некоја емисија за време на викендите каде се пеат македонски песни таа емисија има огромна гледаност. Зошто да нема повеќе такви емисии? Еден радио канал имавме во Скопје за македонска народна музика, и тој веќе не постои, што да зборуваме понатака!

Приватна архива

Знаеме ли да си ја цениме македонската музика?

Како да си ја цениме кога не ја слушаме бидејќи немаме медуми кои емитуваат македонска музика. Повеќе ги знаеме српските и бугарските пеачи од нашите. Жално.

Во последно време ми се чини како помалку да се снимаат фолк песни од наши изведувачи?  Зошто е тоа така бидејќи мислам дека порано фолкот беше над  поп музиката, сега како да е обратно?

Не мислам дека е така. Постојано снимаме нови песни, зборувам и за млади – нови пеачи на естрадава но и за повозрасните колеги. Јас снимам и како солист но имаме и голем број на композиции со групата но ете како што кажав ,немаме каде да се претставиме. Ќе гостувам во две или три емисии каде што ќе ги испеам моите песни и кој ме видел кој не ме видел бидејќи не сме застапени во континуитет.

А има една интересна работа кога се работи за фолк и поп музиката. Имаме изведувачи на забавна музика кај нас кои препејуваат фолк песни но во нивни стил и се хит преку ноќ, па дури и кариери направија преку народните песни,така да фолкот сеуште е над поп музиката само се изведува на различен начин (се смее).

Приватна архива

Минатата година настапивте на ‘’Охрид фест’’ со песната ‘’Ние љубов сме’’. Дали фестивалите се она ниво кое што беа порано и какви се Вашите искуства?

Минатата година настапив на Охрид фест со песната “Ние љубов сме” за која музиката и аранжманот ги напиша Дарко Илиевски а текстот е на Огнен Неделковски. Песната доби втора награда од стручното жири и бев многу среќен бидејќи тоа ми е прва награда на фестивал како солист.

Фестивалите за нас претставуваат одлична можност за промовирање на нова песна,нов изведувач или автор,а нивото на фестивалите не би рекол дека е сменето туку би додал само дека треба да има повеќе како што е “Фолк Фест Валандово” или како што беше фестивалот “Цветници”.

Дали можеби ќе Ве видиме и оваа година на некој од фестивалите?

Оваа година веќе настапив на “Фолк фест Роса” а на мое големо задоволство ќе настапам и на “Фолк фест Валандово” ,а кон крајот на месец Август и на “Охрид фест”.

Приватна архива

Кога станува збор за настапите надвор од земјава  дали ги има и каде?

Пред неполн месец на покана на мој школски другар и колега заедно со него настапивме на Малта во еден македонски ресторан. Инаку не толку често одиме надвор од Македонија бидејќи сум во редовен работен однос а патувањата надвор си бараат поголемо отсуство.

Татко сте сопруг, која е тајната на добар баланс, музика, вечерни свирки и семејство?

Татко сум на два сина Михаил кој има 12 години и Кирил кој има 10 години, а со сопругата Љупка сме во брак веќе 15 години.

Балансот не е едноставен и лесен но ако партнерот има разбирање ,а и трпение што на сопругата пак и оди од рака, тогаш се е полесно. Што би рекле – јака и душа.

Приватна архива

Имате ли наследници во однос на музиката? Наследиле ли од Вашите гени?

Талентирани се и двајцата. Михаил е 5-та година нижо во “МБУЦ Илија Николовски – Луј” и свири гитара, сега за сега сака да свири , има освоено и неколку први награди,а Кирил свири виолина веќе втора година нижо исто така во “Илија Николовски- Луј” и покажува се повеќе интерес но исто така и многу сака да пее ,така да дома ни е секогаш весело.

Приватна архива

Што правите во слободно време каде се опуштате?

Слободното време сакаме да го поминуваме заедно,често одиме во викендиците кај бабите и дедовците или пак возиме велосипеди по кејот на Вардар односно до градскиот парк, каде што ќе седнеме на некоја клупа со кафе и сокче и уживаме во денот.

Приватна архива

Што Ве прави среќен?

Среќен ме прави семејството.Пубертетските проблеми на големиот и детските лудории на малиот син ме прават среќен. Насмевката и прегратката на сопругата кога ќе ми отвори врата во доцните часови враќајќи се од настап. Секој нов ден кога ќе ги видам дека ќе станат живи и здрави и се подготвуваат за на училиште и работа.Тоа ме прави среќен.

Кога да очекуваме нова песна, подготвувате ли нешто?

Освен песните за престојните фестивали кои се веќе завршени и чекаат медиумска промоција ,подготвувам уште неколку композиции. Со една од нив ќе го комплетирам мојот прв солистички албум за кој се надевам дека ќе излезе до крајот на оваа година ,а со останатите ќе го започнам вториот албум.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button