Повеќегодишен зеленчук и зачини што успеваат и на мал балкон – ако ги засадите сега, ќе ги засадите само еднаш, а ќе уживате со години!
Создадете самоодржлива градина или мини градина на вашиот балкон. Повеќегодишен зеленчук и зачини што успеваат и на мал балкон!

Искусните градинари знаат дека некои растенија треба да се засадат само еднаш, а тие секоја година самите се обновуваат, збогатувајќи ја градината од сезона во сезона. Но, истите растенија може да ги засадите сега и во домашни услови, ако живеете во стан и да ги одгледувате на балконот.
Доколку сакате самоодржлива градина полна со свежи и здрави намирници, или балкон кој изгледа на вистинска градина, овие 10 растенија ќе ви раѓаат во наредните 10 години.

1. Домашно зелје
Еднаш засадено, ова зелје самото се расејува и повторно расте, без потреба од прскање или прихрана. Совршено е за подготовка на пити, но и за сармички.
2. Рукoла
Ароматично растение идеално за салати, пици и разни јадења. Кога еднаш ќе се засее, самото се шири и секоја година никнува сè повеќе и повеќе.
3. Власец
Овој благ лук е одличен додаток во салати и за јадења приготвени со месо. Многу е декоративен кога ќе процвета, а во градината може да опстане со години.
4. Шпаргли
Еднаш засадени, раѓаат со години, а нивниот принос со текот на времето се зголемува. Им треба вода, но по бербата, земјата треба да се остави да мирува до следната пролет.
5. Артичока
Артичоката е долготрајно растение што секоја година создава нови изданоци. Овие растенија можете да ги пресадувате и така да добиете уште повеќе артичоки кои се совршени за салати.
6. Рен
Коренот од ренот е одличен за подготовка на салати и прилози, а листовите може да се користат за сарма. Важно е секогаш да оставите дел од коренот во земјата за да се обнови следната година.
7. Поточарка
Ова многу ценето растение е слично на руколата и има способност за саморазмножување. Не бара посебна нега и претставува вистински дар за секој градинар.
8. Лук
Доволно е да засадите чешниња лук, и кога младите стебленца ќе пораснат, растението ќе испушти семе, обезбедувајќи нов род секоја година. Познат по своите здравствени придобивки, лукот е неопходен во градината.
9. Кељ
Иако најчесто се одгледува како едногодишно растение, кељот може да преживее во зима и повторно да изникне во лето. За поголем принос, препорачливо е да се засадат дополнителни растенија околу постојните.
10. Кромид
Еднаш засаден, кромидот ќе се обновува одново и одново. Иако дивиот кромид не е толку буен како одгледуваниот, тој е одличен избор за самоодржлива градина.
Ако сакате градина што самата се обновува и обезбедува свежа храна од година во година, овие растенија се идеален избор, и засадете ги токму сега, во овој период од годината.
Мини градина на балкон
Ако сакате самоодржлива мини градина на балкон, овие повеќегодишни зеленчуци и зачини се идеални за одгледување во саксии. Засадете ги сега.

Најдобри растенија за балкон:
Рукола – расте брзо, сама се расејува и бара малку простор.
Власец – лесен за одгледување, декоративен и одличен за салати.
Поточарка – не бара посебна нега и е вкусна во салати.
Кромид и лук – доволно е да засадите чешне во саксија и ќе се обновува сам.
Кељ – може да преживее зима, па дури и да израсне повторно следната година.
Рен – лесно се шири, а листовите можете да ги користите за сарма.
Како да ги одгледувате на балкон:
Користете длабоки саксии (20-30 см) со добра дренажа.
Обезбедете сончева светлина (барем 4-6 часа дневно).
Редовно полевајте ги, но внимавај да не ги преполните со вода.
Повремено додавајте природно ѓубриво за подобар раст.
Дури и на мал балкон, можете да имате зелена оаза што се обновува секоја година!