Повеќе пари за сите граѓани што живеат во овие земји – македонските иселеници веќе се радуваат
Европска држава во која живеат и многу Македонци воведува промени со кои ќе се зголеми детскиот додаток, но и субвенциите за греење...

Еве како во Австрија се борат со инфлацијата, но и кои граѓани во Германија ќе имаат повисоки плати…
Австрија е една од оние земји во кои живеат и многу наши иселеници, посебно со појавата на „трендот“ со бугарските пасоши.
Па така во последната деценија-две голем број Македонци заминаа во потрага по подобар живот во оваа земја, а најтрагично за нас како држава е тоа што поголемиот дел од нив нема никогаш да се врати.
Но во последните неколку години кризата се чувствува и во оваа земја, а граѓаните се соочуваат со се повисока инфлација.
Од овие причини владата во Австрија реши да воведе низа мерки за 2025 година за олеснување на оние што најмногу се погодени од инфлацијата.
Имено, инфлацијата во оваа земја останува висока (3.3 %), што влијаеше на цените на енергијата, услугите, како и на цената на нафтата и горивата. Ова пак секако дека придонесе да растат цените и речиси на сите останати призводи, така што се зголемија трошоците.
Како за пример ќе ги наведеме само сметките за струја кои во Австрија пораснаа за 35 % што беше дополнителен товар за граѓаните.
Од овие причини австриската влада реши да воведе неколку мерки со кои би им го олеснила животот на сите, посебно на оние со најмали примања кои со поскапувањата и во ова земја почнаа одвај да врзуваат крај со крај. Впрочем како и во сите останати европски земји од кои дури и најразвиените се соочуваат со бројни отпуштања на работниците како што е на пример во Германија (види тука).
Фото: Пексел
Конкретни мерки
Како што пишуваат австриските медиуми, владата во 2025 година воведува низа поволности кои можат да изнесуваат и до 1500 евра.
Па така работниците се уште имаат корист од надоместокот за патни трошоци од 1200 евра, во зависност од тоа каде живеат.
Од друга страна, во Виена и Велс има бонуси за сметките за струја од 100 евра, додека во многу провинции во Австрија граѓаните оваа година ќе можат да поднесат и барања за субвенции за греење до 350 евра.
Треба да се спомене и тоа дека работничката комора ги осигурува семејствата со ниски примања со речиси 400 евра.
Фото: Фрипик
Додатоци и за децата
Самохраните родители со максимален приход од 25.725 евра годишно од јули оваа година ќе примаат плус 60 евра по дете месечно, што на пример за мајка со две деца би изнесувало 1440 евра годишно.
Од март месец 2025 година во Австрија започнува и исплаќањето на субвенции за мајстори од 1500 евра, како и по 200 евра за поправка на електрични апарати и велосипеди, а постојат и ред други олеснувања.
Едно од нив е и ускладувањето на данокот за 2024 година кое на многу работници ќе им донесе и дополнителни 1000 евра преку поврат на средства. Сите овие мерки австриската влада ги воведува за да им го ублажи растот на трошоците на граѓаните, посебно на оние кои се со најниски примања и одвај „врзуваат“ крај со крај (ако воопшто може така да се каже за оваа земја имајќи ги во предвид примањата на голем број работници кај нас во Македонија).
Фото: Фрипик
Добри вести и за нашите иселеници во Германија
Од 1. јануари 2025 г. и во Германија на многу работници им се покачени платите, а овие мерки опфатија и многу наши иселеници.
Па така на пример новата даночна реформа што е воведена за 2025 година ќе им ги покачи примањата на многу работници во најразлични индустрии, а покачувања има и за практикантите.
Со овие мерки вработените во електроиндустријата од 1 јануари 2025 година ќе имаат минимална плата зголемена на 14,41 евра на час, додека на пример вработените во одржување и чистење на зградите и влезовите, од 1 јануари ќе добиваат 14,25 евра на час, а за чистење стакло 17,65 евра на час.
Повисоки „минималци“ има и за вработените во здравствената индустрија каде во последните неколку години се вработија и многу наши иселеници кои ги напуштија своите работни места тука и со цели семејства се преселија во Германија. Сега сите тие ќе уживаат и во повисоки минимални плати, од 16.10 евра на час за нискоквалификуваните асистенти, до 20.50 евра на час за целосно квалификувани медицински работници.
Повеќе за тоа кои работници во Германија ќе имаат повисоки плати во 2025 година прочитајте тука или на следниот линк…
Конечно добри вести за многу Македонци што живеат и работат во една од најубавите земји во Европа