Повеќе нема патување до Белград – Јанчев донираше апарат за детска дијализа

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев заедно со Кожувчанка донираше апарат за хемодијализа, со кој за првпат во Македонија ќе се направи Оддел за хемодијализа за деца кои се со помала тежина од десет килограми.
Тие деца кои досега беа итно тренспортирани во Белград, и таму беа третирани со недели, а Фондот тоа го чинеше околу 50.000 евра, нема да мора повеќе да патуваат, а услугата ќе биде достапна и кај нас.
Системот на дијализа е модел сосема сличен на системот за хемофитрација која на тој начин, но со по сложени филтери и технологија ја прочистува крвта од бактерии и вируси и се употребува за бубрежни заболувања, појави кај црн дроб и – се употребуваше во Европа и САД за време на Ковид 19 што доведе до спас на живот на пациенти кои заради пад на имунитетот со присуство на преголеми количества на бактерии и вируси во време на Ковид 19 епидемијата почиваа од разни болести.
Апарати за хемофилтрација имаше, и има, и во државните клиники кои ги употребуваа ретко или воопшто и не дадоа шанса на пациентите да им се подобри здравствената состојба и да се зголемат можностите за спас од смрт. Хемофилтрацијата има моќ да ја подобри состојбата, а нема ризици по живот.