Поучна приказна: Не значи дека проблемот секогаш е во другите, можеби е токму во нас
Еден човек почнал да се плаши дека неговата жеа повеќе не го слуша како порано, па помислил дека подобро е да ѝ купи апаратче за слушање. Но, не знаел како да ѝ го каже тоа, без да ја навреди. Па, се консултирал со некој лекар кој му предложил да се оддалечи околу десетина метра од неговата жена, па да ѝ се обрати со нормален тон. Ако не слуша, истото да го повторува приближувајќи ѝ се полека.
Таа вечер жена му била во кујната, па тој, оддалечен десетина метра од неа, со нормален тон ѝ рекол:
– Мила, што има за вечера?
Не добил одговор, се приближил два метра до неа, па повторно го поставил прашањето, но пак не добил одговор. Дошол до вратата на кујната и пак прашал:
– Драга, што има денес за вечера?
– Ништо! – му одговорила таа нервозно.
Тој дошол позади нејзиниот грб и пак повторил:
– Драга, што има за вечера?
– Ох Боже драги!!! … по петти пат веќе ти велам дека има компир и пилешко. Што се случува со тебе?
Поука:
Не мора секогаш проблемот да биде во некој друг, како што најчесто мислиме. Тој може да биде токму во нас самите! Затоа, добро размислете пред да донесете некој заклучок.