Поучна приказна: Никој не може да ја достигне целта со затворени очи
Еден стар ловец учејќи ги помладите да гаѓаат, поставил празна лименка на еден камен, се оддалечил 50-тина метри, нанишанил и ја погодил подигајќи ја во воздух.
Еден стар ловец учејќи ги помладите да гаѓаат, поставил празна лименка на еден камен, се оддалечил 50-тина метри, нанишанил и ја погодил подигајќи ја воздух. – Јас сум најдобриот стрелец во целата држава – рекол – и ќе ве научам да бидете еднакво добри како јас!
Потоа ја поставил лименката повторно на каменот, се оддалечил пак 50-тина метри и извадил црн превез од џебот. Повикал еден од младите ловци да му ги заврзе очите. Тогаш ја подигнал пушката, нанишанил и испукал.
– Погодив ли? – прашал стариот ловец симнувајќи го превезот од очите.
– Нормално дека не погодивте – му одговориле помладите, сите со видливо задоволство на лицата што стариот испаднал понижен.
– Куршумот погоди високо во крошната на дрвото. И јас не верувам дека вие можете било што да ме научите – потсмешливо рекол еден од младите ловци.
– Не го потценувајте искуството, ниту промашувањата! Само што ве научив на најважната лекција во животот! – одговорил стариот
Кога сакате нешто да постигнете, добро отворете ги очите, сконцентрирајте се на целта и бидете сигурни што сакате. Никој не може да ја постигне целта со затворени очи!